За еМакедонија се работи!!!!!!!!

Day 1,178, 03:51 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski



Што се случува?
Пари,Пари,Злато,Злато!!!!!!!
Само тоа е муабетот,никако економијата да застане на нозе,премногу стрвност,многу недоверба и се повеке себичност!На тоа ли ке се сведе еМакедонија,зар не сме сите тука за еМакедонија!
Државниот врв мора да размисли за субвенции на повеке фирми и формирања на нови договори со земји од кои ке може да добиеме и ние нешто а не постојано да даваме.400-600 златника за едно тепање плаќаше државата во војната со Бугарија,дали се извлече поука барем за овие 400-600 злато?
Мој предлог е да се даде што повеке субвенции за фирмите на еМакедонските играчи,секојдневно да се прави список и отчет преку министерството за економија како им се помага на играчите кои решиле да ја играат играва до крај,да не се доведеме во ситуација кога ке се вложи во фирма а тој играч утре од досада да ја напушти играта!
Да бидеме барем конкурентни и на сојузничкиот пазар,може некој ке си направи и таму математика – нормално доколку даноков остане висок каков што е!
Играчите да не се залажуваат со човек компанија,ако немате минимум 5 пријатели кои ке работат кај вас немојте фирми да отварате,само губиме работна сила а економијата никако да се крене!

Да потенцирам за сите оние кои ке си помислат(а ке си помислат) Јас за моите фирми не барам субвенции,нашата паравојска еВМРО за сега има доволно и ние се концентрираме на зголемување на нашата удирачка моќ како утре во случај на војна би и помогнале на еМакедонија без разлика на влада или претседател!Дури може да излеземе во пресрет на еМакедонија ако се потребни златници,сега за сега имаме доволно резерви кои би ги понудиле за промена на финансискиот преглед над монетарниот маркет!
Друг предлог е да се контактира со еБугарскиот претседател и да се направи договор за тренинг војна,на секого му треба бонусот а посебно на нас.Кога се личните интереси во прашање верувам дека со успешна дипломатија ке најдеме начин за заедничко решение!
Без разлика што има ловци на бонуси – ги има и од едната и од другата страна!
Војната со Бугарија и оди во корист на еМакедонија и еМакедонците без разлика дали е тренинг војна или пукање со омраза,доста пукавме за други држави а за тоа ништо не добиваме – филмот го гледавме и знаеме кој колку ни помогна.Кадарот сам ке се роди,веке се знаеме кој колку капацитет има и со конструктивна дебата ке добиеме генерали и водачи какви што на еМакедонија и треба.Доста беа кавги,доста беа лични интереси – ајде да гледаме малку како да направиме да бидеме подобри и појаки.Затоа е политиката на играва,да извлечеме максимум од самите себе а не постојано да следиме едни та исти шеми кои друг ни ги разработува!
Време е да размислиме за себе и да се вметнеме онаму каде што нам ни одговара.И јас сакам да ја окупираме Америка ама дај да бидеме реални,дај да работиме на нас и нашите борци за да тоа не биде само пуст сон туку утре кога ке се чувствуваме спремни навистина тоа да го направиме!
Трета и главна идеја е за еАРМ – веке му е позната на Струмјанин бидејки неколку пати му објаснував како треба да оди еАРМ во однос со финансирањето и паравојските.еАРМ мора да се оспособи,доста проби и губење ресурси во празно,нека се зафати за работа некој што е навистина сериозен да ја тера работата до крај.
Секојдневно губиме – без организација нема придобивка!

Поради шпиунажата на весниците од нашите непријатели и таканаречени пријатели давам само краток вовед на идеите кои можат да се разработат подетално,доколку на некој од власта му се допаѓа ова и мисли дека може да успее ваквиот начин на игра може да ме контактира за подетални информации!