Благодарност до сите поддржувачи на еВМРО!

Day 1,174, 08:57 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski

Како прво би сакал да им честитам на Струмјанин и Чакаларов за добиената претседателска функција и се надевам дека веке никогаш во еМакедонија нема да има проблеми околу дипломатијата,економијата и внатрешните работи на еМакедонија.Ги следев овие дваица еМакедонци уште од почетокот на нивните објави во весниците – беа главните коректори на тогашната власт во еМакедонија и многу ми е мило дека идеите и успесите победија денес кога овие дваица еМакедонци станаа претседатели на еМакедонија!

Исто така сакам да им се заблагодарам на сите оние еМакедонци кои застанаа зад мене и ме гласаа на овие претседателски избори – во недостиг на демократија,кога бев цела недела суспендиран јас неможев да објавам никаков артикл и да ги поставам моите цели за подобра еМакедонија!
Иако оневозможен,привремено суспендиран админот или самите правила на играта ме исфрлија како единствен противкандидат на ОеМ и МНФ и многу ми значи што без еден пишан збор ме поддржаа толку гласачи.За мене ова значи дека на играва има луѓе кои ме почитуваат и кои редовно го следат моето издание на весников!Поради тоа од сега решив секојдневно да пишувам за да може секој еМакедонец да ме запознае – понекогаш информативно и забавно а се надевам се помалку политички бидејки верувам дека Струмјанин и Чакаларов се решени чесно да помогнат на сите еМакедонци со успех да ја играат оваа игра!


Малку и за еВМРО – ние од еВМРО веке изградивме став и устав и според демократските правила во играва сакаме да помогнеме секогаш и секаде каде што ке ни биде побарано – не сакаме да бидеме непријатели со останатите политички партии туку само сакаме да преовладуваат идеите на успехот и много брзото напредување на еМакедонија во еРепублика.Секогаш ке застануваме зад обесправените и ке им помагаме бидејки веруваме во еднаквост овде воеРепублика,веруваме дека и ние може да сме успешни како и многу еДржави во моментот а знаеме дека само со добар почеток може да има успешен еЖивот.

Толку од мене за сега,сакам да најавам за утре потполно изготвен устав и цели на еВМРО и уште еднаш да им се заблагодарам на сите браќа и сестри еМакедонски кои во еВМРО и во мене видоа успешен и верен лидер.

Поздрав до сите еМакедонци !!!!!!!!!

Игор Механджијски