Доста е со оваа политика,да смениме се што до сега се случувало !!!!!!

Day 1,126, 11:41 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski



Здраво на сите !!!!!!!!!!!!!


Еве и јас да се кандидирам но овој пат со причина !!!!!!!!!!

Гледаме секојдневно колку неправда се случува над еМакедонците – ке напишам за сите - работниците,сопствениците на фирмите а и сите оние други кои играат од секаква причина.

Можеби ке претерам со образложениево за мојава кандидатура но тоа е само бидејки сакам,сакам многу,да се смени начинот на кој оние горе не управуваат нас играчиве.

Ке почнам со политиката – овој ни бил непријател а овој ни бил пријател мислам дека е многу голема и грешна политика – ДА пријатели и сојузници мора да има но не да си го продаваме гзот на ојлевци и дојлевци за да не бранат демек слаби сме биле па ај сега парите ке им ги даваме на нив дозволувајки им без такса да отвараат и затвараат фирми како сакаат.
Овие досегашни таканаречени доброчинители на нашава политика несмеат веке никогаш да бидат изгласани за еКонгресот кај нас – каде се,што направија,абе дали некогаш барем нешто на Форум или во некој весник напишаа за нешто што направиле за сите нас – си играат играчки убедувајки не секој ден дека ке биде утре подобро.

Што се случува со цените во еМакедонија,каде е денарот и колку може играчите да играат со овие цени на ЛЕБ,ЖИТО,КУЌИ или ОРУЖЈЕ – кој воопшто освен ценетите ни пријатели можат 100% да ја играат играва.

Јас доаѓам од партија каде што сите заедно сакаме да смениме нешто во играва,сакаме сите да ги сослушаме,да бидеме активни на форуми и да работиме заедно за подобро на сите нас а не за подобро на поединци кои профитот го делат меѓусебно.
Затоа и ке се залагам како и сите од мојата партија –
1. Денарот конечно да биде стабилен!
2. Фирмите да не се тепаат помеѓусебе кој поефтино а кој поскапо ке продава !
3. Оружјето да биде домашно произведено и да се продава по цена која е достапна за сите според платите во еМакедонија!
4. Мора работниците да работат стабилно,сите да се научат дека платата ја земаат според сопственото производство а не да ги бркаат и примаат на работа кој како сака и кој кога сака!
5. И на крај нормално за нашиве непријатели и пријатели,конечно да се воспостави однос кој ке биде взаемно почитуван,да не остават да си работиме ние самите за себе а ако некој ни е пријател нека ни помогне во тешкото а не да ја искористува нашата добрина!!!!!!!!

Поздрав од мене и се надевам дека ке го добијам вашиот глас,не поради мене туку поради вас,за да може заедно да смениме нешто на подобро,да може играва да ја играме како што треба а не како друг што ни кажува !!!!!!!


Зачленете се во нашата партијаи гласајте!!!!!!!