Вооружени сили на Република Македонија 1 дел

Day 2,586, 13:26 Published in North Macedonia Israel by Black Coyote
Здружена оперативна команда

Задачата на Здружената оперативна команда е подготовка на копнените и воздухопловните сили на Армијата на Република Македонија за заштита и одбрана на територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.Покрај тоа учествува во мировни операции,за превенција на конфликти и регионални кризи,под раководство на НАТО,ОН,ОБСЕ,ЕУ и другите меѓународни организации и пактови чиј член е и Македонија.Исто така ЗОК му пружи подршки и на Министерството за внатрешни работи,државните и локалните власти.Се грижи и за планирање и извршување на обуките според НАТО стандардите.

ознака за десен ракав


2.Механизирана пешадиска бригада "Леопарди"


Втората механизирана пешадиска бригада Леопарди е распоредена во три касарни и тоа во Тетово, Кичево и Охрид.Бригадата е формациски дефинирана како единица за брза интервенција(Единица за брзи интервенции)во рамките на специјалните сили. Нејзините членови на левата рака под македонското знаме носат грб со главата на леопард.Втората механизирана пешадиска бригада ја негува традицијата на Кичевско-Мавровскиот одред формиран на 21.05.1943 година.Самата бригада е формирана од страна на претседателот на државата,Киро Глигоров,по формирањето на АРМ,како 13-та пешадиска бригада.Во 2002-рата година,13-тата пешадиска бригада се претвори во 2.пешадиска бригада, а во 2006-тата година беше трансформирана во 2-та механизирана пешадиска бригада.Ден на единицата е 21.05,а прекарот "Леопарди" се користи од 2000-тата година.Единиците од составот на оваа бригада повеќекратно учествуваа во мисијата ИСАФ во Авганистан и тоа во составот на германскиот и британскиот контингент.

првата верзија 2002-2003.



ознака за десен ракав(верзија)

ознака за десен ракав(верзија)

По грешка извезено 1. наместо 2.!


Полк за специјални операции

Искуството од војната која во 2001-та година ја зафати Македонија придонесе за реорганизација на АРМ.Армијата се преструктуира,бројно се намали и се професионализира. Така,на 08.12.2003-та година се формира полкот за специјални операции кој се состои од две елитни единици:
-Одред за специјални намени "Волци" и,
-и баталјон "Ренџери",кој е составен од дел од членовите на извидничкиот баталјон "Рисови" и еден дел од 501.Падобранско-деверзантски одред,како и дел од членовите на БСН "Волци".Во составот има и војници од други единици,откако поминале низ строго селекционирање.Единиците од овој полк имаат учествувано во мисии во Ирак и во Авганистан,при што вршеле обуки со единиците на домаќините,но и со припадниците на единиците во чиј состав и самите биле,обучувајќи се на теми како што се урбана борба.Базата на овие единици е во касарната во Скопје "Илинден"(поранешна касарна на ЈНА,"Маршал Тито").

ознака за десен ракав-свечена униформа

ознака за десен ракав-работна униформа
Оваа елитна единица е основана уште во 1994-тата година.Грбот "волчји штит" представува армиска припадност,а црвената боја пак означува храброст и решителност(ова е една од боите на Република Македонија).Ножот означува војска,а стрелата представува специјална единица.Жолтата боја означува праведност и великодушност(исто така една од боите на Република Македонија).Падобранот и крилото покажуваат дека станува збор за падобранско-деверзантска единица која користи авиони и хеликоптери.Волк-симбол на единицата означува посветеност,а боите се кој е насликан означуваат:црната-мудрост,а белата-чест.Лента во црвена боја на која стои натписот "Semper Etiam Ubique Superiores" е всушност мотото на единицата,"Секогаш и секаде први".Волците се посебна единица на Армијата на Република Македонија.Оваа единица беше главната воени сила вклучена во конфликтот во 2001-та година со албанците во западна Македонија.
Во пукот за специјални единици се носат беретки со различна боја.Волците носат црвени(бордо) беретки,ренџерите зелени,а персоналот во штабот носат сини(тегет) беретки.


Волци

На 01.03.1994-та година,во Армијата на Република Македонија,се формираше "Единица за специјални намени Волци",како прва целосно професионална единица во АРМ.Во почетокот тоа беше мала единица од околу сто војници, поделени во три вода,која имаше за задача неконвенционални војувања.Една од задачите беше и спречување на шверцот со луѓе,оружје и дрога преку границата,кои во тоа време ги чуваше АРМ.Со текот на времето,се зголемуваше бројот во единицата,а во 1998-мата година ги усвои НАТО стандардите.Така се усвои и типичната формација од 12 луѓе,иако оваа формација спрема потребите може и да се промени,како што беше и случајот во Ирак каде тимовите беа составени од по 8 члена.Тимот се состои од еден командант,негов заменик,одделенски специјалисти,интелигенција,два специјалисти за оружје,два специјалисти за експлозив,два воени лекари и еден специјалист за комуникација.Со тоа,и одделот се специјализира за различни задачи,како што алпинистички тим,тим за подводни саботажи,анти-терористички и падобрански тим.

ознака за капа

падобрански знак за офицери

падобрански знак за војници
Основач и прв командант на баталјонот за специјални намени,тогаш беше потполковник,а подоцна и генерал-полковник и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски,кој имаше искуство со вакви единици уште во времето на ЈНА и на почетокот од конфликтот во Југославија(тој беше во Вуковар),каде што едно време и командуваше со антитерористичката чета на воената полиција.Во тоа време постоеја уште две посебни единици.Тоа беа "Сокли" (501.Падобранско-диверзантски одред) која беше формирана во 1992-рата година како резервна единица,а во 1995-тата година трансформирана во активна и полека професионализирана.Другата беше "Рисови" која ја формира тогашниот мајор Жикица Јовановски, како професионална единица во рамките на АРМ.За оваа единица се поврзани(непроверени) информации за извидување длабоко на територијата на Косово,за време на кризата во Македонија во 2001-вата година.

ознака за десен ракав

ознака за десен ракав

ознака за десен ракав

Ренџери

Единицата е формирана на 8 декември 2003 година и е составена од припадници на бившиот извидувачки баталјон "Рисови" кои беа јадрото на ренџерите бидејќи целиот состав на рисовите отиде во ренџерите,плус 90% 501 падобрански одред "Сокли" како и дел од "волците". Составот е мешовит - Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и Роми,единицата е формирана од страна на полковникот Марјан Јачевски-Мисија на Ренџерски баталјон.Целта им е да изведува мисии на поддршка на внатрешната безбедност на Република Македонија и поддршка на надворешната и безбедносна политика на Република Македонија со изведување на специјални и специфични офанзивни операции во сите земјишни и временски услови.Особено во мисиите во Ирак ги подржуваа волците,а можат да се користат и како лесна пешадија.Мото:"Секогаш чекор пред другите".


ознака за беретки 2005-2008

ознака за десен ракав(од 2008-ма,па наваму)

ознака за десен ракав(од 2008-ма,па наваму),за работна униформа


Самоодни хаубични баталион 155мм.


Мотото на оваа единица е "Силен и вешт".Единицата до 17.07.2002-рата година,постоеше како 2.артилериски полк во составот на 2.Армиски корпус,потоа се трансформира и постоеше како артилериски баталјон во Армијата до 19.04.2006-тата година.Од тогаш па наваму оваа единица постои како Самоодни хаубични баталион 155мм. како единица за огнена поддршка на Здружената оперативна команда(ЗОК).Главните задачи на баталјонот се артилериска поддршка во дефанзивни и офанзивни акции на Здружената оперативна команда,спроведување на мобилизација и интеграцијата на активниот и резервниот состав,и да ја координира огнената поддршка.

ознака за десен ракав

ознака за десен ракав за работна униформа


Оклопна единица "Витези"


Со формирањето на Центарот за обука на оклопно-механизирани единици,02.06.1993-та година со само пет Т-34 тенкови,се создава и првата тенковска единица на Армијата на Република Македонија,која влегува во составот на 1.гардиска бригада и е наменета за обука на редовните воени состави.Во 1999-та Бугарија и Фрција донират средства со кои се создава оклопен баталјон,опремен со Т-55 тенкови.На крајот од 2001-вата година овој оклопен баталјон добива Т-72 А тенкови купени во Украина.Обој баталјон повторно се трансформира на 14.04.2006-тата година,во Оклопен баталјон Т-72 "Б".Задачите на овој баталјон се извршување комбинирани,дефанзивни и офанзивни операции во областите на неговата надлежност и осигурување на објекти од стратешко значење.

градна значка

ознака за десен ракав за работна униформа

Ви благодарам за времето,
TheTrendoReborn