Vicovi :)

Day 2,476, 01:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Syndromce

25 коментари 3 дел 🙂

Еден влав кој подолго време имал грижа на совест, отишол кај попот да се исповеда.
- Кажи чедо Божјо, зошто дојде?
- Оче, за време на војната во подрумот криев Евреи.
- Па тоа е добро дело - рекол попот.
- Да оче, но јас им наплатував.
- Па добро, трошоците за издржување се големи. Оправдано е.
- Да, но јас се уште не сум им кажал дека војната е завршена одамна.



Трпе му вика на Цветко:
- Најдов 500 евра на улица.
- И што направи со нив?
- Ништо, ги однесов во полиција. Ти што би направил?
- И јас би лажел дека сум ги однел во полиција.



Една жена му се жали на психијатарот:
- Докторе, мојот сопруг мисли дека е коњ.
- Не грижете се, тоа често се случува кај луѓето. Можеби вашиот сопруг е преморен од работа и има мал стрес. Најдобро ќе биде повеќе да се одмара за време на викендите.
- Но докторе, тој спие во шталата и пасе трева на ливада покрај куќата.
- Хммм, е тоа е веќе сериозен проблем. Донесете го да го прегледам, но морам д ве предупредам дека третманот за таквите пациенти е многу скап.
- Ах, не грижете се за парите. Пред некој ден тој пак победи на коњските трки.




Разговараат две плавуши, и едната и вика на другата:
- Вчера маж ми ми остави букет цвеќина и замина, ми рече „кога ќе се исушат цвеќињава, јас ќе дојдам кај тебе“
А другата:
- Ооо па тоа е прекрасно!
- Да, прекрасно, ама цвеќињата се вештачки.



Трпе и Трпана легнуваат заедно во кревет.
- Мила, кога ти си навечер до мене, се осеќам како да сум во Париз.
- Нормално, тоа е град на љубовта, а јас те сакам најмногу на свет.
- Мажот: Не, туку кога ќе си легнеш до мене, носот ти е толку голем што ја гледам Ајфеловата кула.




- Рамче, ај на паркет!
- Шо ти текна мори на паркет?!
- Да сетам нешто тврдо!




Оди Цветко во хотел и прашува:
- Колку чини една ноќ спиење во свињарников?
Рецепционерот вели:
- Дваесет евра од свиња.



Трпе и Цветко разговараат. Трпе му вели на Цветко:
- Се сеќаваш ли пред 3-4 месеци кога замолив еден таксист да ме однесе до дома, имав само 50 денари в џеб, а тој пред цело друштво ми рече: „Ако си таков вошкар да немаш 100 денари за такси, оди до дома пеш“.
- Да, се сеќавам, баш беше безобразен.
- Е да знаеш, вчера му се одмаздив.
- Навистина? Како?
- Го гледам паркиран чека муштерии. Пред него паркирани уште 5-6 други такси возила. Влегувам во првото и му велам на таксистот: „Мајсторе, може ли за 50 евра да ме однесеш до дома да ме однесеш до дома, ама во цената е вклучена и партија секс“. Таксистот ми вели:„Мрш надвор педеру еден“. Јас излегов, и влегов во второто такси. И таму го поставив истото прашање, и нормално, и од таму ме избрка таксистот. И така направив во сите коли. За малку се спасив од ќотек. Ама одмаздата е слатка. И така дојдов до мојата жртва, и му викам: „Мајсторе, колку ќе ме чини да ме однесеш до дома, таа и таа адреса?“. Тој ми вели „100 денари“. Јас решително му велам „Вози мајсторе“- и тргнавме.
И така додека ги поминуваше паркираните такси возила пред нас, на секој од таксистите каде што влегов им испратив широка насмевка и им покажав среден прст.




Наставникот:
Јас немам, ти немаш, тој, таа, тоа немаат... Трпе, кое време е ова?
Трпе:
- Сиромашно време.



Оди шумарот низ шумата и гледа еден планинар како игра шах со една мечка. Шумарот вчудоневиден рекол:
- Ова не е можно, колку интелегентна мечка!!
Планинарот:
- Како не била интелегентна. Водам 3:1.



Си биле пушач, пијаница и наркоман и умреле и отишле на другиот свет. Пушачот почнал да раскажува:
- Леле другари, умрев во страшни маки! Белите дробиви ми беа каша!
Пијаницата рекол:
- И јас умрев во маки! Црниот дроб ми беше за никаде.
А наркоманот се фатил за главата и рекол:
- Лелееее, јака дрога. Веќе и со умрени почнав да разговарам!



Митра и вели на комшивката Цена:
- Ние ќе се селиме. Сигурно наскоро ќе имаме подобри комшии.
- И ние ќе имаме подобри комшии - вели Цена.
- И вие се селите? - прашува Митра.
- Не, ние остануваме.