Las Veles Destruction

Day 1,462, 17:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski



Почитувани читатели!

Овојпат нема бројки нема анализи! Да ве одморам од нив, во овој прилот ќе гледате повеќе слики! 😃 (целата статија ке ја пишувам од трето лице)

Да не должам премногу и да преминам на главното....

Дојде неделата и се собраа Dushko Avramovski, manekomita, dimzaaa, Martin Tashkoski, temelce, Vass Vss, Bojan aKa T-MaC и Macedonian Boy 1 а место на собирот беше Питијадата во Велес (Лас Велес). Само што пристигнаа на местото на злосторот настана експлозија од емоции која ја создадоа фанови присутни во милионски број!

Вака Демони со придружба на еден Лав и еден Хаос како знак на солидарност и отворена соработка позираа пред новинарите, сетоа тоа изгледаше вака!

Од лево према десно: Martin Tashkoski, manekomita, dimzaaa, Macedonian Boy, temelce, Vss Vas i Dushko Avramovski

Откако имаше обид за атентат врз еден од членовите, групата се смести во сештоотпорната лимузина и се упати кон веќе добро познатата светска локација, пештерата Снупи, дувлото на Демони, каде и љиљаците се чувствуваат како гости! Групата седна на маса, на чело со Претседателот на најголемата политичка партија во еМакедонија, ОеМ, кој ја носеше круната гордо а само неколку минути подоцна пристигна бесценетото блескаво злато! Притоа присутните неможеа да се изнагледаат цели 4 часа, како и околните девојќи.



Откако часовниот откуца 4 часа и неколку минути стапи обид за грабеж на злато, но попусто! Групата го активира Дукс ака Шуми кој со брзината на светлината го експортираше бесценетото злато и исчезна во непознат правец!




Веќе беа поминати речиси половина час како на Дукс му се изгуби секаква трага! Со него појдоа мартин и димза бидејќе неможеа да летаат немаа крилја како останатите демони. Бојан и Бој одлетаа на највисокиот врв каде само претседателот на ОеМ и неговиот помошник смеат. Останатите, темелче, вс васс заедно со манекомита по половина час на автопатот здогледаа нешто бело налик Киндер Јајце, тоа беше на Дукс демон-мобилот! Тогаш темелче дојде паралелно за да се пошегуваат за изминатиот ден!!! 😃



Фала за одвоеното време!
Се надевам Ви се допадна, колку толку, i tried! 😛