6 години еРепублик [ЗМЕЈОТ]

Day 2,770, 08:58 Published in North Macedonia North Macedonia by thedragon

Добар ден еМакедонски народе !!!

После ебани 980 дена се решив повторно да пишам статија, за мојот шест годишен еЖивот во играва и да поделам по 5 q7 тенкови на секој коментар со Македонско државјанство и 3 q7 тенкови на гурбетџиите 😃

Сеуште го паметам првиот ден на еРепублик, се започна со темата на бадијала форумот од Смерт кој објаснуваше за играва дека е многу интересна а потребно е само 10 минути да поминеш дневно и да се забавуваш. На почетокот навистина беа потребни само 10 минути на играва на ние што тој период бевме регистрирани седевме и по 10 часа на играва, следејќи ги сите дипломатски новости во еСветот правење на планови на форумот за еМакедонија ако ја додадат(да еМакедонија уште не постоеше) и киснење на чат со многу заебанции и играње курот.



Најубавиот период во играва ми беше, борбата за еМакедонија да се појави на мапата на новиот еСвет, исто така никогаш нема да ја заборавам битката за Егејска Македонија и целосното освојување на нашиот јужен сосед од нација која беше само два месеци на играва а грција беше една од најаките земји на еРеп и ги држевмо 3-4 месеци под ропство.

После тоа се појави Македонскиот синдром на алчност и почнавме со глупи расправии и почнавме да губиме се ослабнувавме внатрешно но и на дипломатски план се ослабнувавме поради различни тролања на наши глупи играчи. И така дојде кобниот ден кога Плато не испровоцира со ставање банер за собиранката во Солун но регионот нивен беше напишан Македонија, што дојде до голем револт кон нас и Воикс заедно со Струмјанин почна да пишуваат статии за масовно откажување од играва и од најбројна нација и една од најсилните држави дојдовме до ова што сме денеска. 🙁



Во играва бев член и основач на многу единици но само неколку ми останале при срце тоа се : DSW најдобро организираната единица која постоела на еРеп, која настана после голема расправија,( за тие што не знаат DSW беше државна единица се викаше АРМ Волци и беше нашата елитна единициа како што денес е ПРЦ).
Исто така никогаш нема да го заборавам АрМакедон единица која составена од стари и искусни играчи и нови млади потенцијали.Единица која владееше со еМакедонија долго време поради мојата идеја дека АрМакедон треба да биде воена политичка финансиска организација како Лазократите( сеуште се сеќавам на караниците со Лавот и Драш кој не сакаа да биде мојава идеја, а подршка добив само од Бате Ване)



Благодарен сум на играва бидејќи научив многу добри и многу лоши работи, научив како може најдобрите да те заебат, а како најлошите да ти помогнат, на играва научив како функционира Животот во РЛ и за тоа сум многу благодарен на свите.

Исто така сум благодарен на играва бидејќи запознав многу нови луѓе од цела Македонија па и од подалеку со некои и останав многу добар пријател до ден денеска.



За сегашната ситуација имам да кажам само едно нешто, време е Вечната Влада или Владата во Сенка да се смени бидејќи не видовме ништо добро од нив туку цело време седевме под окупација, во моменти кога дојдоја нови личности и нови влади како што беше случајот со VelAco Volkot и да не го заборавам најдобриот Bojan Aka T-Mac ситуацијата живнуваше се ослободувавме земавме нови региони дури и моќниот јужен сосед го победивме. Затоа дајте шанса на нови луѓе но искусни да бидат ќе ги земете у министерство ќе им објасните како идат работите со тек на време ќе научат самите, и од тоа само еМакедонија може да профитира никој друг.(Don't give a man a fish, teach him to fish and he would have fish all his life)



Толку од мене наредна статија после 6 години 😃

Ако ве интересира еИсторијата на еМакедонија прочитајте ги следниве статии :

eМакедонска историја од змејот и лавот
Историја од estip

Со Почит :


Vote and Shout :

6 Години еРепублик [ЗМЕЈОТ]
http://tinyurl.com/oekjgbm