ДОМАШНО Vs. УВОЗНО [АНАЛИЗА]

Day 1,117, 09:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Малце истражувачко еНовинарство!

Во жарот на дебатата со Fricke дојдов до идеја да им докажам на нему и на другите што размислуваат како него дека со нивните фирми во странство (посебно во Бразил) повеќе и носат штета на Македонија отколку ќар за себе.

Ако баба лаже трап не лаже...еве што викаат бројките.

Вака изгледа една фирма за жито на еден еМакедонец во Бразил (high регион за жито)



*Појаснување дека сите бројки - на плати, приходи...се пресметани во МКД и покрај тоа што пишува БРЗ.... види курсот горе на сликата е ставен колку што е за МКД - 1gold = 0,036 МКД!
затоа целата анализа ќе ја правам во МКД.

Значи да потенцирам:
-ова фирма за жито во Бразил под претпоставка дека на сите да им дава по 10 МКД плата тоа се ~13-14 БРЗ и продажна цена на житото од 0,06 МКД (толку се фали газдата дека го продавал во Македонија) ги има следниве перформанси:

1. ~ 2083 единици жито, дневно производство во најидеални услови каде сите да работат по 100 здравје сосе 25 % бонус кој го дава Бразил како high регион.
2.~ 124,98 МКД дневен приход од продажба на жито
3.~ 100 МКД просечен трошок за плати
4. 24,98 МКД ПРОФИТ на ден.


Од ваквиот приход под претпоставка ЦЕЛОТО жито Македонецов да го продава во еМакедонија.... Македонија ќе има ќар само 1% колку што е Царината за увоз на жито или 1,24 МКД дневно.

....Но да видиме колку ќар ќе има Бразил од истиот бизнис на Македонецов?

Кога нашиот Македонец ќе сака да ги извади овие пари од својата фирма во Бразил ќе мора да плати данок во Бразилскиот буџет кој за жито е 20% (или 4,996 МКД) , па на газдата би му останале 19,98 МКД чист профит на ден. Дополнително секој вработен на својата плата од 10 МКД ќе има Бразилски данок на приход од 20% или на 100 МКД тоа е 20 МКД дневно.


Значи од бизнисов вака се делат парите:

- 24,996 МКД добива вкупно Бразил во буџет
- 1,24 МКД. добива Македонија во буџет....
-19,98 МКД е чист профит на ден на нашиов бизнисмен

Кој добива највеќе сами видете!!!

За споредба, Фирмите за жито во Македонија го полнат буџетот со по 11 % данок. Па секој кој има фирма за жито го молам да си пресмета приближно по колку пари го полни буџетот на Македонија дневно и да ни каже тука во коментар.

....И сега кој работи повеќе за доброто на Македонија тој што го полни Македонскито буџет со 11% данок или тој што го полни Бразилскиот со 20 % ??