БИЗНИС [TUTORIAL]

Day 1,080, 02:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Многу од новите играчи кои заштедиле или дошле до доволно злато сигурно размислуваат за отпочнување на свој бизнис.

Значи, за да отворите своја фирма на играва мора да имате:
1. 20 злато кои се неповратни (ги давате само за отварање на фирмата)
2. дополнителни 20 злато кои ви се префрлаат на сметка на фирмата (за плати и суровини)
3. минимум 12 ниво на развој (level)


Ако ги исполнувате овие 3 услови, ви преостанува уште само да ја донесете одлуката во што да инвестирате и каде... Во овој туторијал ќе ви помогнам токму во тоа!

За да не се повторувам, советувам прво да ја прочитате мојата претходна статија “МАКРОЕКОНОМИЈА“ за да бидете информирани со какви ресурси располагаме и кои се можностите и стратегијата за развој на економијата на Македонија и вашиот бизнис како дел од неа.
Имајќи во предвид дека во еМакедонија располагаме со само два ресурса (Камен и Железо), како и чудната и за мене воопшто неоправдана одлука на нашите Конгресмени да донесат лош Закон за железо (повеќе за ова во следиот број на Весникот), за жал морам да констатирам дека вашата можност за бизнис во овој момент се сведува само на еден ресурс - а тоа е Каменот во Источна Македонија и околу него.

Значи со оглед на моментните услови во Македонија каменот е единствен домашен ресурс околу кој можете да планирате профитабилен бизнис со најмал ризик а него го има САМО во Источна Македонија. Со каменот како ресурс ги имате овие опции:

1. Да отворите фирма за експолатација на камен (за ова мора да живеете во Источна Македонија, односно да се преселите таму) – Ѕинго бизнис! 🙂
2. Да отворите некоја од индустриите кои го користи каменот како ресурс – фабрика за куќи, болници или одбрамбени системи (за ова не мора да се селите во Источна Македонија, односно можете и во Повардарие и во Западна да ги отворите)

Мој совет до сите нови играчи кои сакаат за прв пат да влезат во бизнис инвестиција е токму првата опција – да отворат фирма за експолатација на ресурси (во случајов камен) - тн. Ѕинго бизнис, а ќе ви објаснам и зошто.

Бизнисот со екслопатација на ресурси е поедноставен, полесен за водење и најпрепорачлив за секој нов играч, наспроти индустријата која бара поголема ангажираност, пресметки, математики и искуство со играва.
Фирмите за ресурси (во случајов камен) од вас ќе бараат само ангажираност околу вработените (нивните плати и здравје) и формирање на цена на каменот согласно тоа колку сте потрошиле на платите на вработените кои ви го произвеле каменот. Со малце труд и разбирање за бизнис токму тука имате големи шанси да правите профит!

Како споредба за да ви биде појасно ако се одлучите за индустрија ќе имате многу главоболки околу формирањето на цената на вашите производи затоа што ќе зависите од цената на ресурсите кои ги употребувате. Главоболката е уште поголема ако на пример се решите за индустрија за оружје или храна па ќе мора да увезувате ресурси од странство а тоа значи пресметки за девизни курсови, следење на странски пазари за ресурси, даноци и такси за увоз и извоз, лиценци за туѓи пазари кои коштаат по 20 злато една и ред други проблеми кои се многу битни за да можете да пресметате колклу ви се трошоците и да знаете колку треба да биде вашата цена на производот за да имате профит. На ова треба да се додадат и следењето на здравјето и платите на вашите вработени, цените на пазарот во моментов и најбитно - кај индустријата постои Данок плус - ДДВ ( или VAT) кој во играва е неповратен 🙂

Доколку експолатацијата на железото го немаше сегашниов Данок кој е 25% ќе ја имавте истата можност и за бизнис со железото во Западна Македонија како со каменот во Источна. Но за жал, во моментов не се исплатува бизнисот со железо па каменот е попрофитабилен. Државате ве тера да бидете како Ѕинго 🙂
Во оваа прилика апелирам уште еднаш до конгресмените да се смени Законот за железо и да се поттикне експолатацијата на домашното железо за сметка на увозното!

Значи да сумирам, во моментов најарно е да се селите во Источна Македонија и да експолатирате камен како Ѕинго во Кратово! 🙂
Освен ако сте добри економи и сакате да влезете во авантура со бизнис со индустрија во која ризикот е поголем и бара повеќе познавање на економија.

Кој и да биде вашиот избор – Со среќа и не заборавајте да купувате домашни производи!!!

V + S = Thanks!