Мојот Живот и еЖивот - ЦП КАНДИДАТУРА [PESCANECOT]

Day 2,499, 07:25 Published in North Macedonia Ireland by StrongeRR

Здраво еМакедонци и еМакедонки,

како што веќе знаете се кандидирав за претседател за претстојниот месец. Но, како можам да ја барам вашата доверба и вашиот глас ако не се претставам кој сум и што сум? Па затоа со оваа статија која е дел од мојата претседателска кампања сакам да ви кажам неколку реченици околу мојот РЛ и еЖивот.

Се викам Никола(25), од Пешчани, Охридско, па затоа и никот ми е PESCANECOT. Дипломиран софтверски инжинер, моментално работам во Скопје како ИТ инжинер. Преку erepublik стекнав голем број на пријатели со кој секојдневно се дружам. За тоа сум бескрајно благодарен на администраторите. Ако не беше оваа игра никогаш немаше да ги стекнам тие искрени пријателства.

еЖивотот го започнав на 17 Октомври 2010 година со мојот прв профил nikolaj4e. На почеток не бев во ниту една МУ, како и повеќето, подоцна се приклучив во DukeS. Тогаш во тоа време бевме многу активни, се сеќавам дека имавме 2 удари на ден. Поминаат месеци дружба, висење на чет канали, редовно организирање на удари за еМКД и сојузниците. Таму го сретнав и BucephalusIII. Кој стана еден од најдобрите мој РЛ пријатели!

Поради X причини требаше да паузирам на некое време од играта, па после ги измешав мејлот и пассот и тој акаунт и ден денес ми остана заробен. Тогаш не знаев за тикет.

После година дена пауза, повторно се вратив назад, а за тоа главни виновници се AceRatkuS, Wendy Power и RidleR MKD кој секојдневно ми правеа муабет за ереп и сакал не сакал ете ме назад.

Кога се вратив сменив повеќе единици, стекнав голем број на пријатели. Најмногу се задржав во МТО, а сега сум во мојата New Generation која што ја формирав со цел прибирање на млади јаки играчи на едно место. Мојот труд и влог околу таа единица се исплати, па така со заеднички сили од сите членови, моментално во нашата единица има доста јаки Д1-Д2 борци!

Секогаш сум помагал на тие што побарале помош, особено помладите играчи. Секогаш сум се трудел за доброто на еМКД! Секако во рамките на можностите, но никогаш не сум се штедел. Интересот на еМКД секогаш ми бил пред мојот личен интерес!

Зошто одлучив да се кандидирам за ЦП?

Моментално ситуацијата во еМКД, е многу лоша, внатрешната и надворешната политика се крш. Со неколку проекти (ќе ви ги претставам во наредната статија) ќе се потрудам еМакедонија да заземе што подобра позиција во еСветот.

Околу ова прашање ќе зборувам во мојата наредна статија каде што ќе претставам поголем дел од мојте планови и визија за иднината на еМакедонија.

МОЈАТА КАМПАЊА:
ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА!
Мојот Живот и еЖивот - ЦП КАНДИДАТУРА


ШАУТ
Мојот Живот и еЖивот - ЦП КАНДИДАТУРА [PESCANECOT]
http://www.erepublik.com/en/article/-pescanecot-1-2449275/1/20