Кандидатура за ПП - OEM

Day 2,185, 12:33 Published in North Macedonia North Macedonia by GoodBeer

Здраво на сите !


Гледаме како играва полека но сигурно умира, во секој поглед. Но, повеќе од вообичајно, умира и нашата заедница наречена еМакедонија. Секој ден гледаме како ги исчезнуваат војниците, политичарите и новинарите. Нема што да се направи во тој поглед, да се помогне на еМакедонија повторно да застане на цврсти нозе и да доминира во секој. Насекаде владее монотонија.

Оваа статија е всушност моја кандидатура во најголемата партија во Македонија ОЕМ - Обединета еМакедонија. Како и името, и ние играчите, на почетокот на создавењето бевме колку толку обединети, како и на воен така и политички план. Па така, јас, како еден стар пребеган член на оваа партија си земав за право да се кандидирам за претседател . Зошто ??

Како што кажав погоре, оваа партија е најстара и најголема партија од почетокот до сега. Но што се случува? Последен “сериозен” кандидат за претседател на држава беше во далечниот мај месец, кој заврши второпласиран на изборите. Така многу месеци наназад без кандидат па се до јули 2012. Жално но вистинито.

Сакам да се обидам да ја оживеам партијата на ова поле кое е одамна згаснато. Ќе положам напори да има сериозен кандидат на следните избори и будење на македонската политика!
Поделби да членовите ќе има, но никако пред 5 ти , пред 15ти или пред 25ти во месецот. Ке се одберат други периоди.

Затоа, во петок на 15ти, ги повикувам сите членови на ОЕМ, но и старите членови кои од поодамна се излезени од партијата, да гласаат за мене !!!




Ви благодарам на вниманието. Пријатно.