Апел за помош – донација која вреди живот!

Day 2,116, 08:08 Published in Spain Nigeria by DzoniMKD

23 годишниот Иван Стојков од Штип има потреба од финансиска помош за до крај да ја оствари физикална терапија која повторно ќе го крене на нозе!

Иван повеќе од 2 години е неподвижен откако му била извршена тешка операција – отстранување на циста од рбетниот столб. Операцијата е успешна, но потребна е континуирана рехабилитација за Иван повторно да застане на нозе.

Законот за здравствена заштита предвидува бесплатна рехабилитација само по 21 ден во годината, а за повеќе треба да се плати. Проблемот во покривањето на трошоците е голем бидејќи неговиот татко е стечаен работник, а неговата мајка е невработена, а исто така е приморана да се грижи за него.



Стојанов ги има искористено деновите за рехабилитација (минатата година во Охрид) и оваа година во штипската бања „Кежовица“, но ова не е ни приближно доволно за негово закрепнување.

Сите оние кои сакаат да му помогнат на Иван можат да донираат средства на следнава трансакциона сметка:

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 201 – 501 659 3445.17

ФАЛАНГА ШТИП веке два дена собира пари за Иван





копирано од vostip

видео на ирис

Инфо Спот