[MOD] Околу нападот над Грција

Day 1,448, 09:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Храбри Македонци!

Како што знаете вчера го изгубивме регионот Macedonia, а со тоа останавме на 3 ресурси поради тоа што ни го отсекоа главниот град. Нема многу да должам околу тоа затоа што сите знаеме што се случи и поради тоа ќе бараме начин како побрзо да го вратиме тој истиот!

Благодарение на брзата реакција на Медс (македонскиот МОФА) сега ние сме во можност да го направиме првиот напад и со тоа уште утре да си се вратиме на 8/10 ресурси и потоа со поголема леснотија да продолжиме да ги остваруваме нашите планови!

Нападот ќе биде утре некаде после 11 часот наутро! Се замолуваат сите што се во можност да бидат онлине во тоа време да влезат на армиски за да го вратиме каналот на стара слава и повторно да видиме голем број на војници за многу полесно да го насочиме ударот!

Потребни сме и на Македонија!

Мора да ја поврземе империјата!

Само со заеднички труд можеме да постигнеме многу!

Сега е најважен момент за да бидеме сложни! Да покажеме дека Македонија ни е пред се и дека Македонија ни е над се!

Нема да речам доаѓајте сите членови на паравоени единици, туку ќе речам доаѓајте сите Македонци!!! Затоа што пред се сите сме Македонци, а потоа сме членови на паравоени единици!

Морам исто така да кажам дека утре ќе има масовна поделба на тенкови, ќе делиме колку можеме и ќе дадеме се од себе за сите да добијат опрема за да пукаат за Македонија! На Македонија и е потребен нејзиниот народ! Потребни и се нејзините синови и ќерки! НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБАТЕ!

Да живее Македонија!