еАвтобиографија [MKD Foreverrr]

Day 1,777, 16:35 Published in North Macedonia North Macedonia by MKD Foreverrr
Насловов на статијава го добив со тоа што денес наставничката по Македонски ме оцени со 4 затоа што делото „Автобиографија“ на Глигор Прличев го напишав со мала буква.

Еден ден, мислам дека беше 7 јануари 2011 година, кога еден од моите најверни другари(Darko V) ми кажа за оваа игра и ми кажа дека Македонија е под ропство од страна на Грците и Бугарите, па не викна на помош мене и WAX MEN да се бориме за Македонија, да ја ослободиме!
WAX MEN се регистрирал, но јас незнаев како..а не бев толку по компијутери! Имав само msn и Facebook кој ми ги направи брат ми, го молев брат ми да ми направи еРепублик акаунт но тој секогаш одговараше со: Неможам сега, Незнам, Утре, Попосле..

Еден месец подоцна...

Фебруари месец во едно интернет кафе видов како мојот братучед ја игра играва..ја разгледав убаво од кај него, го прашав некои прашања, ми објасни за играва, ми кажа дека никот му е busman4e.

17 Март 2011 година...

Се решив да пробам да направам акаунт, па што сака нека биде..Во 12 часот наутро се родив јас! Го побарав за пријател мојот братучед, ме прифати и ми даде лебче да јадам, тој тогаш беше еден од најаките во еМакедонија! Имаше над 1800 сила 😃 Така си тренирав и си работев секој ден, плата за Apprentice беше 9 MKD 😒 За Guru** платата се движеше околу 30 MKD! Apprentice и Guru** се економски ранкови, што повисок тоа поголемо производство од тебе..
Еве на слика ви се прикажани сите ранкови:



Тогаш можеше да се работи и со бустер и со реферал:



Почетокот на Април 2011 година...

Дојде април, ја проучив играва и се запознав со многу луѓе, имав 150 сила па решив да станам член во некоја единица. Прва ми дојде некогашната единица PATRIOT на Maxep, му пишав порака и ми рече да одам на чат каналот на единицата! Ме вработија во Q2 фирма за леб за минимална плата од 1 MKD кај Alek Macedonian. Првиот ден не земав рефунд, веќе од вториот почнаа да ми даваат рефунд, а тоа беше 15 Q2 лебчиња дневно...мизерија😃... еднаш неделно земав и 3 Q3 оружја, тоа беше моја најголема радост 😃
Јас веќе собрав 40 MKD, УСПЕХ!
Но таму запознав многу добри пријатели како што се UNISTUVAC.MKD, RapMaster19997, Jurukov, Alek Macedonian и многу други што не ги памтам 🙁
Единицата имаше две Q2 лебари и една Q3 оружара!
Најинтересно ни беше кога Maxep ќе ни покажеше inventory, gold и MKD! Имаше над 800 MKD, над 300 леб, над 200 Q3 оружја! Ние само гледавме и подголтнувавме на тоа 😃
Најдобар пријател ми беше UNISTUVAC.MKD, секогаш си зборувавме како треба и што треба па една вечер ми текна да направиме наша воена единица, тој се сложи и беше упорен да го реализира тоа...

Крајот на Април 2011...

Ја создадовме единицата ЈНА - Југословенска Народна Армија, имавме цел да составиме единица во која ќе се приклучат многу Срби, Црногорци, Словенци... Веќе имав 300 сила, направивме канал на единицата на чет, имавме неколку членови!
Тогаш им пишав на преку 50 души(Срби, Црногорци и Словенци) да влезат во нашата единица.. на пораките одговори само еден кој рече дека можеби ќе дојде! Еве докази:


Не успеавме во тоа да повикаме луѓе од другите поранешни југословенски земји па решивме да ја прекрстиме ЈНА во МНА - Македонска Народна Армија!

Мај 2011...

Мај чука на врата, ние уште во играта немавме доволно голд за да оформиме единица! Во Мај беше оформена единицава од страна на UNISTUVAC! Се се организира и многу јако друштво имаше, веќе направивме и фирми! Имав 500 сила!

Летото 2011...

Не..неможам јас ова!!!!!!!!!Неможам да опишам што се случуваше!!!!!!!!!! НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ЈА ЗНАЕ ИЛИ ПОЧУСТВУВА ОВАА ТАГА КОН ТИЕ МЕСЕЦИ!!!!!
На 20-ти Јуни бев на одмор! Се вратив на 28-ми Јуни! После 28-ми Јуни што се дешаваше тоа никој неможе да замисли! ЗНАЧИ ТОА БЕШЕ ДРУЖБА НАД ДРУЖБИТЕ! И НАЈДОЛГА! Со емајка ми Елена(DzankY), не игра ереп повеќе, етатко ми TheKoki и сите од МНА бевме 24/7 дежурни на чет, не бев од компијутер станат! Значи се дружевме со сите од еМакедонија! Најмногу со Езио и со единицата на Macedonian Conqueror, Guardians! Сме се пцуеле, сме се смееле, сме се плукале, сме се зафркавале цело лето, одвај ми помина то лето, најако беше, неможам да опишам, тешко кој го доживеал тоа, рекорд ми беше 18 часа на компјутер дневно! И така се до септември кога почнавме со школото завршија сите лудории 🙁 🙁 🙁

Шест месеци подоцна...

Се до 20-ти Јуни 2012 година си кулирав во играва, си тренирав, си работев и имав некои нови доживувања 🙂 На 20-ти Јуни 2012 пак заминав на одмор, па од кога се вратив на 28-ми Јуни, престанав да играм еРепублик затоа што немав време...

Почетокот на Август 2012...

Тоа беше месец во кој пак се вратив во играва, играм активно и седам на чат.. Така се до 30-ти Август!

Октомври 2012...

OD 1 OKTOMVRI POCNAV DA NE I PIA APOJTE REDOVNO I SUM RIZICEN -ATIP !!! NAPRAIV NOVA EDINICA SO ORTAKOT PAFKA4! SITE APOJTE NE I PIEME!




... Статијава ќе биде едитирана со тек на време 🙂 ...


\о/
Со почит,
MKD Foreverrr