[Амбасадор во еШпанија] Скандал со корупција во FFAA + реплика

Day 1,498, 16:44 Published in Spain France by Princess Emily

[Edit]

Почитувани граѓани
Најпрвин, како информација, добив еШпанско државјанство, кое ми е неопходно во овој тежок период за сите членки во ОНЕ. Аплицирав и го добив со цел да помогнам во зачувување на пријателските односи помеѓу еМакедонија и еШпанија кои ги градевме повеќе месеци, а кои нема да дозволам да бидат уништени поради тешките моментални услови на кои сме подложни овие недели.

Ова е вонреден извештај, непланиран, поттикнат од последната статија на Министерството за Економија на еШпанија. Министерот за економија, Gixeska во последниот извештај објавува скандал со прикривање и затајување на парични средства од страна на воената единица FFAA (Fuerzas Armadas Espanolas - Вооружени сили на еШпанија).
Имено, само во последните 2 месеци, односно периодот септември-ноември, оваа единица од државната каса добила околу 1.5 милиони esp. Со помош на новите водачи на оваа единица, пронајдени се докази и составени се извештаи за потрошените средства, со што може да се увиди дека разликата помеѓу средствата префрлени од државната каса на еШпанија и средствата потрошени за набавување на оружје на војниците кои членуваат во оваа единица, е значителна.

Компилација на собраните докази за обвинувањето

Во документот не мора да преведувате, доволно е да ги погледнете бројките и да ја забележите разликата помеѓу добиените и префрлените средства.

Ја добивме очекуваната реплика, набрзина направен извештај од страна на Sergio619, командант на FFAA во минатите месеци. Сепак, се вели дека и по овој извештај, е заклучено дека недостигаат 250к esp на кои сеуште не им се знае трагата.
Се надевам на целосно расчистување на случајот во што поскоро време.