[Boban_M] Готови се !!!

Day 2,713, 15:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski
Добра ви вечер,

Во последните неколку дена се изначитав муабети од типот:
- Ги трошиме грците!
- При крај се со пари!
- Уште неколку овакви битки и ќе ги покориме!

Овие муабети ме потсетија на муабетот на мојот покоен дедо кога ми кажување случка од Втората Светска Војна кога цела екс Југославија била р'шум направена од германците и нивните сојузници. Во еден момент прелетувала германска група на авиони и како што летале така ниско еден авион се акнал у некоја топола и се срушил. Утредента вика одам по улица и ги слушам српските жандарми како зборат помеѓу себе: - Оборили смо један, готови су !!

Во статијата на диктаторот кога пишуваше за успешната диктатурата предложив да размислиме и да се организираме веднаш со воздушен напад.

Тоа го предложив од неколку објективни причини:

1. Грците прават дупло поголема штета од нашата
2. Пуни се кеш и кога сакаат можат да стават неброени пари за КО
3. Немаме повеќе тенкаши кои можат да им парираат
4. Модулот за војни во играта е толку сменет што и да имаме 2-3 тенкаши нема да
можат ама баш ништо да сменат кога од другата имате 15-20.
5. Не сме во никоја алијанса, ниту пак имаме стратегија во кој чамец да се
качиме. На некои луѓе уште не им е јасно дека не сме повеќе било каков фактор
во играва и дека треба да се прилагодуваме на големите е-сили.

Предноста од воздушниот напад, во конкретнава ситуација:

1. Со парите што ги потрошивме за диктатор, ќе можевме да слетаме во некоја Х земја без поголеми проблеми.
2. Ќе држевме неколку региони сигурно многу подолго време отколку што останавме тука и се боревме со грците.
3. Нашите играчи ќе имаа многу поголем мотив за игра кога имате свои региони, а може и ќе имавме многу поголеми шанси да зајакнеме.
4. Кога имаш свои региони, дополнителен број наши играчи ќе земат македонско државјанство, а со тоа и ќе се зголеми македонската штета на ранг листата.
5. Кога немаш ниту еден регион и си без конгрес со месеци или години и кога половина од македонската штета е распрскана под туѓи знамиња, немаш ама баш никаков адут да преговараш за некоја идна алијанса.


Не тврдам дека сум во право, но сепак мислам дека оваа варијанта со воздушниот напад требаше да ја земеме во предвид во моменталната ситуација.

Нема да е прв, а ниту последен пат да останеме без територија но се надевам дека ќе почнеме во иднина да учиме од своите постапки и ќе бидеме многу пореални за своите можности.

Другарски поздрав,

Ве сакам сите !! Добро де, скоро сите 🙂