[МзО] Наредби за ден 2620 - EDIT 13:00

Day 2,620, 01:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Добро утро народе Македонски.

Вчера имавме интересен ден. Кренати беа 2 востанија на нашите колонии кои засега успеваме успешно да ги задушиме. Приоритетите за денес се следни:



ПРИОРИТЕТ БРОЈ 1 - НАШИОТ НАЈВЕРЕН СОЈУЗНИК ИНДОНЕЗИЈА Е ПОД ЗАКАНА ЗА БРИШЕЊЕ. ДЕНЕС ПУКАМЕ САМО ТУКА СЕ ДОДЕКА НЕ ГО ДОВЕДИМЕ ЅИДОТ ВО НАША ПОЛЗА!
FIGHT FOR INDONESIA IN PAPUA



ПРИОРИТЕТ бр.2 - ЈА ВРТИМЕ БИТКАТА ВО ПОЛЗА НА БУГАРИЈА
Fight for Bulgaria in North Eastern India


ПРИОРИТЕТ бр.3 - Помагаме на Британија против Норвешка
Fight for the UK against Norway


ПРИОРИТЕТ бр.3 - Помагаме на Шпанија во Мурсија
Fight for Spain in Murcia




Овие денови се водат битки за конгрес и сите поголеми офанзиви се одложени за после 25ти. Примарна цел на Чиле овие дена е да ја остави Аргентина без конгрес. Чиле исто така го држи поробен Нов Зеланд а да ги држи работите под контрола во Јужна Америка му помага Хрватска. Хрватска држи голем дел од Бразил под контрола (Бразил моментално има САМО 1 регион) и уште е нејасно дали ќе му дозволат да добие конгрес овај месец. Зафатеноста на Чиле и Хрватска со Бразил и Аргентина ја искористија помалите земји на континентот и скоро сите имаат повеќе од 2 слободни региони со што практично си имаат обезбедено конгрес за овај месец.
На север, САД уживаат во 15/15 благодарение на своите колонии на далечниот исток (во Јапонија и Северна Кореја) како и во Франција и Шпанија. Моментално имаат дневни приходи од околу 120.000 денари и се без закани за напад. Со ова темпо за многу брзо би прераснале во прва светска сила и голем играч при формирањето на новите сојузи.
Азија е практично поделена на три дела помегу Русија, Турција и Хрватска.
Во Европа, Србија е во поход на Шпанија и засега успешно ја добива таа војна. Португалија успева да ослободи дел од своите територии и да обезбеди конгрес. Франција, Германија, Чешка, Унгарија, Украјна, Полска, Романија, Италија, Ирска и Велика Британија, Литванија ... обезбедуваат конгрес. Интересна е ситуацијата на Балканот каде сеуште не се знае дали Црна Гора и Босна ќе успеат во тоа. Играта се префрли на Скандинавскиот полуостров каде Италија врши успешен продор на шведските територии и се обидува да ја избриши. Хрватска најверојатно ќе се обиди преку Норвешка да навлези таму и во една координирана офанзија да го подели полуостровот со Италија. Ние се наогаме во подредена ситуација во сојузот и немаме целосна подршка овај месец. Приоритет е помагање на останатите сојузници во нивните походи па доколку би сакале да превземиме нешто, би било на сопствена рака а како така немаме ни сила ни пари да се носиме долго време. Доколку имате некои информации во врска со идните планови на некоја земја каде сте граѓанин или слично, споделете во коментар 🙂

Stay tuned......


Со почит,

МоД тим Јануари 2015


[МзО] Наредби за ден 2620 - EDIT 13:00
erepublik.com/en/article/2489934