[ОеМ] Пријавување на кандидати за конгрес - Април 2011

Day 1,246, 07:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Alexander III Macedonian
Здраво еМакедонци!

Како што знаете, се ближи 25 Април, денот на конгресменските избори во еМакедонија. Како и секој месец, така и овој пат, пријавувањето ке се врши преку официјалниот форум.



Би сакал прво да напоменам неколку работи. Овој месец ке биде месец на преродба за ОеМ. Време е да се вратиме на врвот. За таа цел, мора да одбереме добри кандидати, односно да формираме солиден конгресменски состав, кој ке работи за доброто на еМакедонија. За тоа да успееме да го постигнеме, ке треба да се обрне внимание на следниве работи:



1. НИКАКО поставување закони на своја рака! Веќе неколку пати имавме вакви случаи, а од тоа загуба имаше цела еМакедонија. Такво нешто НЕ СМЕЕ да се повтори! Поставувањето закони се врши само по претходна консултација со другите членови на конгресот (состанок) или пак по барање на некој повисок функционер (Претседател, министри).
2. Истото важи и за одобрување државјанства. Одобрување државјанства САМО со консултација со другите конгресмени, со Претседателот на конгресот или пак со нечија гаранција дека поднесителот на барање на државјансто е Македонец или дека нема на никој начин да и наштети на еМакедонија.
3. Пожелна е консултација со Координаторот на партијата, пред гласање ЗА или ПРОТИВ некој закон, особено ако за законот нема целосно согласување во конгресот или пак е поднесен на своја рака од некој друг конгресмен.
4. Потребна е што поголема активност на официјалниот канал на конгресот, како и редовно присуство на состаноците. Активни конгресмеи = Ефикасен конгрес.
5. Кандидатот за конгресмен не смее да има мулти-профил. Постои голем ризик од добивање бан, поради тоа што кандидатите за конгрес се детално прегледувани од админите.
6. Златото од медалот ЗАДОЛЖИТЕЛНО се донира во НБРМ. Значи, ако се пријавувате само за да заработите злато, или пак само за да ви свети медалот на вашиот профил, подобро немојте.

Тоа е тоа околу условите и обврските.



Како што кажав, пријавувањето ке се врши на форум -- > http://tinyurl.com/prijavuvanje
Рокот за пријавување е до 21 Април (четврток), 16:00
Ако некој сеуште нема добиено пристап на форумот, нека пише овде -- > http://tinyurl.com/pristap
Доколку некој не успее да добие пристап во предвидениот рок за пријавување, нека се пријави кај мене преку приватна порака.
Од пријавените, 10 официјални кандидати ке бидат одбрани со непосредно гласање на форумот, а останатите ке бидат одбрани од Советот на ОеМ. Избраните кандидати ке бидат информирани во кој регион да се кандидираат.

Информации кои треба да бидат содржани во пријавата се:

1. Nickname на eRepublik
2. Линк од вашиот профил
3. Возраст во RL (вистинскиот живот)
4. Колку време играте eRepublik
5. Линк од ваша кратка презентација (без глупости како “Ако бидам конгресмен ке го стабилизирам денарот” и слично)
6. Зошто токму вие за конгресмен од редовите на ОеМ (кратко, една до две реченици)



Па, ги очекуваме вашите пријави. Се надевам дека сите заедно ке успееме на 25 Април да формираме еден добар Конгрес кој ке ја води еМакедонија до нови победи.
Да бидеме обединети, затоа што обединети сме посилни!
Поздрав, и се најдобро.

Со почит,

Претседател на ОеМ,
Alexander III Macedonian


За Shout --> Пријавување за конгрес http://tinyurl.com/kandidati-april