Промени во куќи, ден 2,492

Day 2,491, 10:47 Published in North Macedonia North Macedonia by NomadMKD

Почнувајќи од утре Ден 2,492 започнуваат нови промени:

1. Играчот може да има по една куќа од секој квалитет активна во секое време.
-Екстра дополнување на енергија ќе биде сума од сите активни куќи.
-На пример, играч со активни Q1, Q2 и Q3 куќи ќе има поголем лимит на енергија од 230 (50+80+100) енергија.

2. Поени за прекувремена работа.
-Активна куќа дава по 1 поен за прекувремена работа, секој час додека е активна.
-Пример ако играчот има 2 активни куќи, ќе добива 2 поени за прекувремена работа за час или пак ако има 3 активни куќи ќе добива по 3 поени за час.
-Поените се прикажани во складот како и на истата страна со компаниите.
-Лимит за собирање на поени нема, играчот може да собира поени колку сака.
-Со 24 поени за прекувремена работа можеш да работиш прекувремено.

3. Прекувремена работа
-Прекувремена работа е нова промена која им овозможува на играчите да работат како вработени повеќе пати во денот.



Иста плата како за нормална работа ќе биде платена од страна на работодавачот.
-Работодавачот добива еден "тикет за работа" за секоја прекувремена работа, слично на регуларна работа.
-Работодавачот може да постави лимит за максимална плата на ден за секој вработен. (точка 5)

4. Работа во ноќна смена
-Откако ќе работите прекувремено настапува "ладење" од 1 час.
-За времетраење од овој 1 час можете да работите само во "ноќна смена".
-Ако одберете да потрошите 24 поени пред за заврши ладењето од 1 час, за секоја прекувремена работа ќе биде потребно 100 енергија (наместо нормално 10 енергија)
-Работење за време на "ноќна смена" ќе го ресетира тајмерот за ладење на 1 час.

5. Менаџирање на вработени
-Откако вработените одсега ќе можат да работат повеќе од еднаш на ден, за работодавците ќе биде преставен нов начин на менаџирање на платите.
-Работодавачот може да постави лимит за максимална плата на ден за секој вработен.
-На пример, ако работодавачот постави максимална дневна плата од 100цц и работникот има плата од 30цц, работникот ќе може да работи само 3 пати тој ден (1x нормална работа и 2x прекувремено). Во меѓувреме ако друг вработен има дневна плата од 20цц тој ќе има можност да работи 5 пати тој ден (1x нормална работа и 4x прекувремено).
-Ако дневната максимална плата е поставена на 0, тогаш нема лимит и вработените можат да работат колку што сакаат (додека работодавачот има пари да ги исплаќа платите).



6. Q2 Куќи
-Q2 куќите отсега можат да обновуваат 80 енергија, наместо 50 енергија.
-Q2 куќите ќе имаат времетраење од 7 дена (како Q1 и Q3 куќите), наместо 15 дена
-Ако имате Q2 куќи во складот, ќе добиете Q2 куќи кои ќе се компензираат со времетраењето на куќите што ги имате во моментот, па затоа ако имате 1 Q2 куќа наместо неа ќе добиете 2 Q2 куќи. Q2 куќите што ги имате на пазарот ќе се префрлат во складот пред да бидат имплементирани новите промени.



За крај останете ми поздравени и со полно здравје и коментирајте, btw еве и по некоја слика 😉