Интервјуа со дел од поранешните Претседатели на еМакедонија 2дел [Мин. за Инфо.]

Day 1,470, 10:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав еМакедонијо

Денеска можете да го видите вториот дел од интервјуата со поранешните Претседатели на еМакедонија. Ќе имаме две интервјуа кој ќе бидата со KepenciMKD и Makedonija Do Indija.
Во продолжение видете ги интервјувата



Интервју со KepenciMKD

1. По што се сеќаваат граѓаните на вашиот мандат?
KepenciMKD-За тоа граѓаните мислам дека треба да го кажат своето мислење .


2.Дали граѓаните ви дадоа подршка во вашата улога на претседател на еМакедонија и како?
KepenciMKD-Бидејќи дојдов до мојот мандат на најспецифичниот начин досега случен во историјата на еРепублика благодарение на Семоќниот Бог Лавчан а и поради специфичниот период во кој бев Претседател ( месец Август ) кога сите или двокликаа или беа по одмори мислам дека добив доволно поддршка од македонскиот народ...

3. Дали е тешко да се води еМакедонија?
KepenciMKD-Не, воопшто не е тешко . Понекогаш е тешко да им објасните на граѓаните во еМакедонија зошто сте донеле таква одлука а водењето на Македонија ми беше чест и привилегија !

4. За која одлука што сте ја донеле се каете?
KepenciMKD-За ниедна .

5. Што не направивте, а сакавте да направите?
KepenciMKD- Секоја одлука беше преземена свесно и совесно во најдобар интерес на Македонија , дури и контроверзниот „мир“ кој се случи во период кога Турција веќе имаше склучено таен мир за ненапаѓање со Бугарија и Грција, во време кога ОНЕ сојузот беше заминат „на одмор“ а ние имавме информации за договорот со Кина која се доближуваше до границите на Иран , Србија сигурно ги држеше освоените територии и немаше ПН па затоа се одлучив за една варијанта за таен мир со Бугарија и „отстапување“ на Источна Македонија на јужните со што во договор со српскиот Претседател тие требаа веднаш да ја предложат Грција за ПН и да ја бришат према југ а ние да се насочиме кон освојување на Иран ( од кој имав дозвола ) како би се судриле со Кина далеку од нашите територии . Со тоа ќе „убиевме“ две муви со еден удар : растечката поддршка во Србија за сојуз со Грција во тоа време ( ако се сеќаваат играчите имаше голем број Срби во тој период кои маваа за јужниве ) како и доаѓањето на Кина до нашите граници кое се случи по мојот мандат.

6. Колку часа во денот одвојувавте за еМакедонија?
KepenciMKD-Зависно од периодот и обврските кои ги имав од 1 час до 10-15 часа .

7. Како ја оценувате сегашната состојба во еМакедонија?
KepenciMKD-"Сегашната ситуација мора мудро да ја искористиме и да ја свртиме во наша корист, што би значело :
1. доколку Црна Гора не успее да ја окупира Албанија а ние ја преземиме иницијативата во војната со јужниве ставање на ПН закон кон Албанија + освојување на Грција со што би добиле 7/10 ресурси + колонии во Саудиска Арабија , т.е. три востанија дневно , од кои Албанија ( лесно за задушување ) Саудиска ( лесно за задушување ) и јужните ( со кои би си ги одмерувале силите )
2. префрлање на Главниот Град во С.Арабија ( Ал Бахах -како што е предложено ) + борба за зачувување на барем еден оригинален регион и преземање иницијатива кон јужните , бришење на Египет( управуван од Хрвати) од мапа поради забивањето нож в грб и ставањето на Иран за ПН наместо нас ( нас за да одиме од долу( Египет) кон јужниве) .
Обединување на Македонците зад идејата дека ова е игра, повеќе дружење по кафани и помалку зли мисли туку забава ."


8. Кого би можеле вие да предложите за иден претседател на еМакедонија?
KepenciMKD-"Мислам дека сегашниот Претседател треба да добие уште еден мандат за да ги спроведе своите замисли за кои знам дека поминува голем дел од денот за успешно функционирање , а за во иднина хммм па секој кој се води во играва според нејзините механизми а тоа е економскиот дел со одржување во владение што поголем број на ресурси .
Би предложил тоа да биде некоја дама : EricaZ , Princess Emily , Maya The Bee ."


9. Дали повторно би се кандидирале за Претседател на еМакедонија и зошто?
KepenciMKD-"Не, бидејќи се повлеков во заслужена пензија 🙂
Главната причина се секако зголемените обврски кои ги имам и очекувањето на доаѓање на свет на Кепенци јуниор .
За крај револуционерен поздрав до членовите на Револуционерната Организација RW FTW !!!
Раз, два, три! Посмотри! Пионеры там идут, песни KepenciMKD поют."




Интервју со Makedonija Do Indija

1. По што се сеќаваат граѓаните на вашиот мандат?
Makedonija Do Indija-Ау, има доста работи. Мандатот ми беше исполнет со непријатели од сопствената земја, наидував на доста опструкции... Ќе остане запаметено дека сум првиот кој со подршката на народот, ја победи ОеМ, убедливо. Ќе останам запаметен и по освојувањето и држењето на мајка Пиринска 15 дена и цицање бонус 20 проценти од неа. Ќе останам запаметен по најдобриот систем за рефунд, и идејата да ја направам АРМ најсилна, воведувајќи ги ,, Волците,, како елитна дивизија. Но, бев спречен. Мирот со Италија кој го ставив на референдум некако ми ја одбележи претседателската кариера. Оние играчи кои добра ја пратеа ситуацијата, ќе ме паметат по тоа што бев Анти-Армакедон настроен, и токму поради тоа и насрадав, добив импич. Секако ќе бидам запаметен и по тоа што во времето на моето раководење на Македонија, станавме Официјална и поплноправна членка на ,, ОНЕ,, алијансата.


2.Дали граѓаните ви дадоа подршка во вашата улога на претседател на еМакедонија и како?
Makedonija Do Indija-Секако, ако не ја имав подршката од народот, секако немаше да победам. Мислам дека народот во мене гледаше искреност и поштеност, што и го доби, и пред се, почитувањето кое го изразував и го изразувам спрема обичниот граѓанин правеше и прави да имам подршка од народот.

3. Дали е тешко да се води еМакедонија?
Makedonija Do Indija-Да. Во мојот мандат беше особено тешко. Конресот беше под контрола на ОеМ, и беше јасно дека ќе се бара причина да бидам сменет и на мое место да дојде Арамиска гарнитура. Причината на која се нафатија да направат спин беше мирот со Италија. Спинот им успеа, со лажна слика преку весници и шаути да ми се намали кредибилитетот и со плаќање на конгресмените да има гласање за моја смена. Дефинитивно имав најтежок мандат.

4. За која одлука што сте ја донеле се каете?
Makedonija Do Indija-Не се каам за одлука, туку за моја грешка... Кога требаше да се нападне Русе за жито, не бев во можност да пуштам напад и аутоматски се нападна Варна, регион со бонус каков што веќе имавме. Тоа го признавам и оди на салдото грешки на мојата сметка. Една и единствена.

5. Што не направивте, а сакавте да направите?
Makedonija Do Indija-Не направив многу. Бев сменет на пола мандат. Волци се моја идеја заедно со МОДот, имавме изработено целосен план како би изгледало тоа, но бев сменет како што напоменав.

6. Колку часа во денот одвојувавте за еМакедонија?
Makedonija Do Indija-Многу. Сигурно повеќе од 10 часа активно, и 3-4 часа пасивно играње.

7. Како ја оценувате сегашната состојба во еМакедонија?
Makedonija Do Indija-Безидејна, анксионза, анемична.

8. Кого би можеле вие да предложите за иден претседател на еМакедонија?
Makedonija Do Indija-Саша- Воикс, Чобан Комуњарата, Прц- Аексил, Саше од Панзер најдобриот МОФА кој некогаш го имала Македонија, Којоти2, Лавчан- Скотот 😛, Ел Че... Има доста добри играчи ќе не водат ,, саглам,, што би се рекло.

9. Дали повторно би се кандидирале за Претседател на еМакедонија и зошто?
Makedonija Do Indija-Да, планирам за месец Декември. Верувам дека можам повторно да ја дигнам на нозе Империјата, ветувам деќа ќе идеме кон Кина и Индија, и дека ќе ги окупирам Египет и Саудиска Арабија. Грците нема да видат бел ден од мене, нема мир, само газење.



Министерство за Информирање

Министер: Златко Каскаревски
Замениците: Girl from MACEDONIA и
svetecot