[МоД] Наредби за ден 1675

Day 1,674, 15:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana




Здраво Македонијо!


Најпрво би сакал да ви честитам и да ви се заблагодарам на сите за учеството и пожртвуваноста во битката за одбрана на Повардарие. Уште еднаш покажавме дека доколку сме сплотени сме непобедливи.
По самиот напад на Повардарие имавме една непроспиена ноќ, во која следевме наредби до три ипол часот по полнок, за да наредниот ден уште од раните утрински часови повторно сите заедно им ја збришеме и последната надеж дека ке ни земат оригинална територија. Не се штедеа чоколадца, базуки, бомби и време. Ја заслуживме победата и што е најважно сами си ја одработивме.

Со победата и со промената на иницијативата, порано од очекуваното ги разрешуваме дилемите околу Конгресменските избори. Останува да продолжиме со успехот.

Во текот на утрешниот ден, за ранобудните.

1.Сработете и истренирајте со што би потрошиле до 20 ff и не пукајте.
2.Креваме востанија во SA и Egypt.
3.Ги полниме тие 20ff и пуштаме напад со свикување на удар.

Да живее Македонија!

Со почит,
vdMoD Felllix