Проект Македонија-изменето

Day 3,692, 11:47 Published in North Macedonia Albania by The Gray Man
Драги мои македонци,нема да должам многу веднаш во што е можно пократки црти ќе ви ја представам мојата програма и идејата како до поорганизирана армија.

Гледам дека се има воља да се направи нешто околу подобрување на воздухопловната сила на Македонсата војска но за жал се нема доволно сретства.

-Според мене секој кој сака да направи нешто квалитетно го може тоа,со вложен труд и малку средства може да се дојде до одлични резултати.

Решив да одам чекор понапред и да вложам мои лични пари за да купам 1м цц за почеток и да почнеме полека да водиме грижа за и останатите играчи-двокликери и оние кои едвај опстојуваат на играва.

Во оваа единица по име Makedonska Voena Organizacijaвеќе инвестирав 1.000.000мкд воглавно за потребите на единицата

Да почнеме,
-Во оваа единица ќе има СЕКОЈ ДЕН поделба на 1000 енергија за СЕКОЈ член.

Ќе се стимулираат сите играчи според убиства,значи парично ќе бидат наградени првите 3 места според убиства во авио ранкингот на неделно ниво.
-да појаснам доколку на крајот на неделата се наоѓате помеѓу првите 3 позиции според убиства вие ќе добиете парична награда покрај снабдувањето со храна секој ден,услов за земање на награда е само да имате направено 500 убиства во авионските битки цела недела(а тоа воопшто не е многу и тешко) значи минимумот е тоа,а наградите ќе се одвиваат вака:

Прво место-9.000мкд

Второ место-4.000мкд

Трето место-2.000мкд


Со направен минимум од 500 авио убиства вие учествувате за награда,што повисоко место повеќе пари.

Решив да го отпочнам ова со цел да се создаде нешто навистина сериозно,и да не биде на товар на државата која навистина е во финансиски проблеми.

Со што е можно повеќе организирана армија и која истата е стимулирана ние одиме напред кон просперитет,авионските наши се доста голем проблем и тука треба многу работа,ДА НЕ СЕ ПОТПИРАМЕ НА ДРЖАВАТА ДА СОЗДАДЕМЕ НЕШТО САМИТЕ И ДА ПОМОГНЕМЕ НА ДРЖАВАТА СО ТОА.


За да се зачлените во единицата КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Планов започнува со реализација веднаш штом се соберат 30 играчи во единицата,тоа значи потребни се 20 нови бидејќи имаме веќе 10.

Благодарам на одвоеното време и се надевам дека ќе наиде статијава на позитивни коментари,бидејќи е најдобронамерна насочена кон зајакнување на Македонија.