Индиски договор (измени) [МЗИ]

Day 2,993, 13:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Добро вечер.

Во оваа статија би сакал да ве известам за измените во договорот околку распределбата на Индиската територија. Знаете дека од неодамна и Индонезија ни се придружи на тој дел па беа потребни нови распределби на териториите.




Овој договор го потпишуваат Индија од една страна и Хрватска, Бугарија, Македонија и Индонезија од другата страна.




Сите држави учеснички во овој договор прифаќаат да не превземаат воени акции и да ги почитуваат регионите кои друга држава ги поседува. Значи, идни востанија во иднина нема да бидат поддржани од некоја страна потписничка на договорот.




Страните во договорот се согласуваат организирано да превземаат акции против некоја друга држава која ќе сака да изврши напад на било која територија во Индија. Индија исто така ќе соработува со членките со НЕ закон и целосна помош.




Индиа ќе ги задржи регионите: North Eastern India (железо), Jharkhand (железо), Northern India (риба) и Rajasthan (овошје).




Индија се согласува следните региони да ги даде на Бугарија на користење со обврска Бугарија да плати 60.000 денари месечна рента или 15.000 по регион: Jammu & Kashmir (овошје), Orissa (елени), Bihar (добиток) и West Bengal (жито).




Индија се согласува регионите Madhya Pradesh (добиток), Uttar Pradesh & Gujarat (овошје) да ги предаде на Хрватска при што ќе добие 45.000 денари месечна рента или 15.000 денари по регион. Со оглед дека е крај на месецот, рентата ќе биде 15.000 денари за овој месец.




Регионите кои ќе ги добие Македонија се: Chattisgarh (добиток), Andhra Pradesh (песок), Tamil Nadu (глина) и Kerala (вар) за рента од 40.000 месечно или 10.000 по регион.




Регионите Maharashtra и Karnataka (овошје) се даваат на Индонезија за обезбедување на конгресот. Нема да биде побарувано од нив да плаќаат рента. Регионите Индонезија ќе ги врати кога ќе се стабилизира и ќе и бидат безбедни оригиналните региони.




Хрватска прифаќа да уплати депозит во висина од 500.000 денари кај Индија во знак на добра вера, против сите идни закани по територијата на Индија од Хрватска страна. Тоа вклучува непријателски востанија, неформални акции од страна на нивната влада против било која од страните вклучени во договорот и дозвола за пријателски нации да можат да слетаат во Индија без некоја посебна согласност од Индија. Овие пари ќе бидат префрлени во трезорот на Индија за кои ќе гарантира Pizzarayne дека нема да бидат злоупотребени.




Рентите ќе бидат плаќани кај Диктаторот или Претседателот на Индија на почеток од мандатот.




Овој договор може да се потпишува секој месец доколку страните потписнички изразат согласност да продолжат со договорот.




Сакав да бидете информирани за промените во договорот.

Министер за Информирање

akconel