Македонија Вечна РЕГРУТИРА +Конгресмени

Day 2,829, 10:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Brotherhood and Unity

Здраво на сите, долго време е поминато од мојата последна статија 🙂 (бидејќи едноставно не ме биваше за да пишам) Затоа нема да должам многу. Месецов ја добив поддршката за ПП од партијата МакедонијаВечна и планираме да останеме на политичката сцена во Македонија т.е во Топ5. Со тоа ќе имаме можност да пуштаме конгресмени кои мој предлог е да бидат некои што немаат НИЕДЕН конгрес медал но со малце поголемо искуство (доколку има такви) Сите оние што сакаат да се кандидираат за конгресмени нека ми пишат порака се со цел, да се направи проверка дали играчите со еден погрешен клик би донеле некој поголем проблем на еМакедонија.
Што се однесува до останатите членови, прошлиот месец имавме неколку поделби, планираме да ги продолжиме, имаме уште тенкови и храна кои се доброволен прилог од наши играчи. Доколку на некој му треба помош во тенкови и храна ќе има и поделби. Наскоро ќе соопштам и подетално. Сите оние кои што сакаат да се дел од оваа партија слободно нека се придружат Македонија Вечна

Доколку има нешто што ве интересира или сакате да поразговараме на истото слободно пишите порака. И мавнете по еден глас ако не ве мрзи за да ја видат што повеќе луѓе статијава.

Поздрав! Македонија Вечна

Shout:
Македонија Вечна РЕГРУТИРА +Конгресмени
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2545657/1/20