Македонија..

Day 2,802, 17:05 Published in North Macedonia USA by vojnikmk

Според географските карактеристики, античка Македонија го опфаќала североисточниот дел од Балканскиот Полуостров; античките автори ја опишуваат како планинска земја со голем број реки, богати полиња, шуми, езера и рудни богатства. Скоро сите македонски реки (Вардар, Струма) се влеваат во Егејското Море. По долините на реките има голем број езера: Болбе, Лудија, Костурско Езеро, Мало и Големо Преспанско Езеро и Лихнидско Езеро. Плодните полиња овозможувале развој на земјоделството, градинарството и лозарството; надалеку биле познати смоквите, лозјата и маслинките. Богатството од густи шуми на Македонија £ овозможувало да стане главен извозник на најквалитетно дрво и смола за изградба на кораби на Медитеранот. Рудните богатства придонесувале за брзо економско јакнење на државата; наоѓалишта на злато и сребро имало источно од Аксиос, во близина на Стримон на планината Пангеј (Кушница), кај езерото Прасијада и кај местото Датон. Сето ова овозможувало Македонија да стекне стопанска независност. Географската, етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ ја исцртувале планината Олимп, реката Пенеј (Пенеијос, Пенча) и брегот на Егејското Море; на југозапад границата се движела до планината Пинд – тромеѓа помеѓу Македонија, Епир и Тесалија; западната граница продолжувала по планините од Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат), с¢ до планината Скард (Шар Планина) – тромеѓа меѓу Македонија, Илирија и Дарданија; северната граница се спуштала по падините на планината Јакупица, поминувала меѓу денешните градови Скопје и Велес и по реката Пчиња излегувала на Осоговските Планини, с¢ до планината Рила; на исток границата одела од планината Пирин до устието на реката Нест (ден. Места) во Егејското Море. [1]

Јадрото на македонската држава од каде се ширеле државните граници, според Херодот, била областа Лудија (помеѓу реките Лудија и Аксиј). Античките автори приморска Македонија ја нарекуваат Долна Македонија, а внатрешниот планински дел – Горна Македонија. Долна Македонија го опфаќала централниот дел на Македонија и се простирала меѓу реките Халијакмон (Бистрица) и Аксиј (Вардар), како и по долните текови на Стримон и Нест,[1] со областите: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида и Еордаја. Горна Македонија го опфаќала внатрешниот дел, претежно планински предели со областите: Тимфаја, Параваја, Елимеја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија,[1] Парорбелија, Синтика и Одомантика. Македонските владетели ги споиле овие области во единствена македонска држава.

Оваа поделба ги претставува географско-етничките и историските содржини на територијата на античка Македонија, но воедно ја претставува и политичката граница на античката македонска држава. Кај античките автори, историографи, географи, логографи, биографи, со векови се посочува на овие географско-топографски и историскоетнич ки определби, кои стануваат дел од античката држава Македонија.