Претепан македонскиот претседател

Day 2,798, 15:03 Published in North Macedonia Nigeria by Kevin09

Во тепачка во едно кафуле во Драчево, две непознати лица го претепале С.Т., претседател на Македонија на популарна интернет игра.

Тепачката се случила кога двете лица од Драчево, во познато кафуле во Драчево, го претепале С.Т. од Зелениково.

Според блиски извори на претепаниот, кавгата се случила поради украдени 200000 денари на виртуелната игра http://www.erepublik.com каде С.Т. е претседател на Македонија. Имено, со доаѓањето на власт, С.Т. на едниот жител на Драчево му земал 200000 денари, кои биле приватна сопственост и ги национализирал.

Оваа постапка на претседателот на Македонија, доведе до несогласности кај народот на играта, но кога сите мислеа дека страстите се смирија се случи овој несекојдневен инцидент.

Инаку, се работи за стратегиска игра, каде секоја држава има претседател, конгрес и партии, како во реалниот живот, а може и одреден играч да постави диктатура. По двегодишна окупација од нашиот јужен сосед, успеавме да ги ослободиме нашите региони и заедно со бугарската армија да освојуваме кон југ, а сега сме пред портите на Атина.


Пред тепачката



За време на тепачката





По тепачката и повредите на лицето С.Т.





Со повеќе информации во следното јавување


А1 од Зелениково Kevin09