УМФ регрутација

Day 2,716, 07:24 Published in North Macedonia North Macedonia by iPocahontas

Поздрав народе.

Уфф какви денови поминаа, денови во кои видовме се и сешто, за жал имаше премногу негативни работи кои ја потресуваа нашата заедница.

Оваа статија ќе има за цел барем за момент да ја ,,расипе’’ црната слика која надвиснала над нашата држава и да содржи една скромна и позитивна приказна.




ИСТОРИЈАТ




Се започна не така одамна, пред околу 6 месеци се создаде идеја за спојување на две единици кои беа јаки, но дејстуваа одделно Prime Lords и MNA. Приказната за Prime Lords ја имам раскажано во регрутациите под рамки на таа единица.

Идејата за спојување на PL и MNA се создаде како резултат на големата штета што беше постигната од двете единици на Епскиот турнир кој Плато традиционално го дава во текот на месец Ноември. Согледувајќи каква силна единица може да се создаде со евентуално нивно спојување се започнаа разговори за фузија. Тие разговор не траеа долго поради тоа што имаше желба од двете страни да се направи нешто кое ќе биде забележително и ќе завземе место во врвот на Македонските единици.

СО ЗАДОВОЛСТВО МОЖАМ ДА КАЖАМ ДЕКА УСПЕАВМЕ.

УМФ денес е единица која е константно во ТОП 3 единици според нивото на неделна штета во Македонија. УМФ денес е плод на упорноста и вредноста на нејзините играчи кои несебично се помагаат и која со своите успеси ги занеме и најголемите скептици во тврдењата дека една фузија тешко може да опстои.

УМФ денес е една успешна приказна.

Несакаме да застанеме тука. Сакаме постојано да се надградуваме и усовршуваме. Затоа ни се потребни нови луѓе кои ќе го зголемат влијанието што го има УМФ за државата.




НАЧИН НА ФУНЦИОНИРАЊЕ




Во УМФ секој си работи каде сака, но се трудиме нашите играчи да работат во нашите фирми за плата според маркетот се со цел да не бараме странци да ни работат по фирмите.

Систем на групни пораки со сите играчи каде се поставува документ во рефунд ден за играчите да можат да пополнат за да добијат тенкови.

Имаме два рефунд денови: среда/четврток и недела. Во овие два дена се делат тенкови и награди.




РЕДОВЕН РЕФУНД




Со пополнување на документ кој се поставува на МУ ѕидот и во групните пораки се добиваат 12 тенкови, а за дополнителни тенкови се доаѓа на канал каде се делат плус 8 тенкови.

Значи вкупно 20 тенкови од рефунд ден или 40 неделно.

Нашиот канал е #umf.public па сите сте добредојдени.




НАГРАДИ




Имаме систем на награди за ТОП 3 играчи од Д3 и Д4 кои ќе имаат најголема штета во текот на една недела и тоа:

1во место: 80 тенка
2ро место: 60 тенка
3то место: 40 тенка

Најверојатно сте слушнале дека УМФ стана збратимена единица со Унгарската Szekely Legio со која се организираат минимум 2 пати месечно заеднички удари (во денот Четврток) каде има дополнителни награди и рефунд за најголема штета направена на ударот.




АВАТАРИ




Располагаме со најразновидни аватари и сопствени рамки кои беа изработени благодарение на Red Stefan

Дел од аватарите имате тука




Доколку сакате да станете член од нашата единица и заедно да испишуваме нови, позитивни страници како колектив, можете слободно да ме контактирате мене или некои од раководството:

Aliss Wonder
UNISTUVAC MKD
ORIGINAL MKD
P R O
KireDimoski
Lockerzi
Palan4e

Со почит

UMF- United Macedonian Forces