СПОДЕЛЕТЕ ВО ЗНАК НА НЕЗАБОРАВ И ПОЧИТ

Day 2,685, 14:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski

• СПОДЕЛЕТЕ ВО ЗНАК НА НЕЗАБОРАВ И ПОЧИТ •

На денешен ден пред точно 14 години (28.03.2001) кај местото Рамно, Танушевци, загинува капетанот Љупчо Мирчовски (†36) при налет на нагазна мина, поставена од страна на терористите од УЧК.

Низ векови македонските синови од Малешевијата се познати војводи и патриоти. Современо тоа го потврдува корпулентниот и храбар Љупчо Мирчовски, кои веруваше дека најмногу ќе постигне ако се стави во служба на својот народ. Стаса до чинот капетан прва класа во хиерархијата на АРМ.

Иако знаеше што носи секоја криза и какво е проклетството на македонскиот народ во минатото, Љупчо чесно и храбро ја извршува својата задача на граничниот простор крај караулата Кодра Фура. На кобниот 28 март 2001 година со група војници каде се упатил со војнички пух и точно во 17 часот и 15 минути возилото на патот на Рамно нагазува на против тенковска мина поставена од страна на терористите на ОНА. На лице место животот го загубува Капетан Љупчо Мирчовски, додека останатите војници биле само повредени.

Во вечна црнина и тага Љупчо го остави своето семејство сопругата Надица и двете ќерки, како и родителите во Беровско каде е и неговиот вечен дом.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА КАПЕТАНЕ! НЕМА ДА ТЕ ЗАБОРАВИМЕ!