[МзИ] – Резултати од Турнирот

Day 2,535, 14:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Почитувани

Во ова издание на Министерството за Информирање ќе читате

1. Резултати од турнирот за играчите од еМакедонија
2. Резултати за државите


1. Резултати од турнирот за играчите од еМакедонија
Како што знаете целта во турнирот беше да се собираат престиж поени. Еве ги ТОП 100 играчите кои биле дел од Македонски Воени единици за време на турнирот.


Според направена штета за време на турнирот (од играчи со еМакедонско државјанство), листата изгледа вака

На листата во ТОП 100 има дури 25 играчи од 3та дивизија, четири од 2ра дивизија и дури има еден играч од 1ва дивизија!

Штетата направена од Воените Единици во еМакедонија е следнава

На прво место се MTO со испукани 83+ милијарди, честитки за нив! Но за жал од резултатите се гледа дека многу играчи го немаат послушано советот да не пукаат за време на турнирот ако не се активни. Апелирам до командирите на Воените Единици во втората половина да следат наредби во иднина и да ги информираат своите членови за актуелните состојби за да придонесат сите за доброто на еМакедонија.

2. Резултати за државите
За државите, целта на турниот беше да се направи што повисок просек на освоени поени од активните борци. На крајот на турнирот резултатот е следниов

Со просек од 6685 поени по играч освоивме 38мо место и добивме награда од 2000 златника и штит од 4 милијарди штета. За да би можеле да добиеме повисока награда (30 место) требало да имаме просек од барем 7392 поени, или во просек плус 709 поени од сите активни борци (за жал нема официјална статистика колку „активни борци“ пукале). Со оглед на тоа колку поени имаат освоено играчите во ТОП 100, јасно е дека просекот го влечат надолу тие што не пукале многу и така да уште еднаш апелирам до сите командири да пробат да ги едуцираат играчите во нивните единици.

Победник на турнирот е Тајланд, и тоа е по заслуга на Mobile Infantry of Thailand (118 члена) која има направено околу 98%(153,1 милијарда) од вкупната штета(156,1 милијарда) на еТајланѓаните (еТајланд има само 3 воени единици). Единицата е составена главно од српски играчи кои се имаат иселено во еТајланд бидејќи се незадоволни од политичката состојба во еСрбија.

На второ место во турнирот е Јужна Африка, и тоа е по заслуга на Lazocracy Africa (89 члена) кои имаат направено 142,3 милијарди од вкупно 142,9 милијарди испукано од Јужно Афричките воени единици (8 на број). Единицата Лазокраси Африка е составена претежно од турски играчи.

На трето место е Ерменија, и тоа е по заслуга на единицата Marynarka Wojenna Sub (49 члена) која има испукано 226,9 милијарди од вкупно 234,3 милијарди. Ерменија има седум воени единици. Оваа воена единица е составена претежно од Полски играчи.

Значи тоа беше ранг листата по просечен број на освоени престиж поени од активни борци.

Да ја погледнеме и листата по направена штета. (на листата се наоѓаат само првите 30 земји, од вкупно 74)

Табелата е сортирана по направената штета од борците кои имаат државјанство во одредена држава. Дури две држави, Србија и Полска, имаат направено преку еден трилион штета за време на турнирот.
Во втората колона, представена е сума на штетата направена од Воените Единици кои се наоѓаат во таа земја. Така да, на пример, штетата на македонски играч со еЧилеанско државјанство не е рачуната во првата колона, но доколку тој играч членува во македонска Воена Единица штетата е рачуната како за Македонија. Значи по направена штета од играчи со еМакедонско државјанство сме на 13 место, но по направена штета од македонски единици сме на 9то место.

Големо изненадување за мене е тоа што Чиле по направена штета од нивните воени единици е дури на 12то место. Сигурно нивните тенкови се раселени во воени единици во други земји па затоа нивната штета изгледа пониска.

Правење останати анализи оставам на вас, ако воочите нешто интересно, оставете коментар.

Министер за Информирање (Октомври 2014)
dDejan