ШТО ЈА ЧЕКА МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНАТА СПОРЕД НОСТРАДАМУС

Day 2,238, 04:26 Published in Turkey North Macedonia by Djuk75

Еве што не чека во иднина според Нострадамус:

2014: Предвремени избори. Организирана наградна игра – “Со казна во рака до стан без мака!”. Прати 10 казни и добиј стан!

2015: Почеток на реконструкцијата на Скопје 2014. Тито Петковски го менува името… и врз таа основа ја потпишува и втората пристапница во неговата партија.

2017: На Велигден ќе се појави јајце со ликот на универзалната сала. Влатко Ѓорчев отвoра авто школа во која никако не може да положи синот на Шема.

2018: Саше Политико и Латас водат заедничка политичка емисија, каде Латас за прв пат носи лептир машна, а Саше не користи вулгарности. А1 по 7 ми пат се обидува да се активира како А8, но Ауди се будни за името и обидот повторно е неуспештен.

2020: Аца Лукас го одржува својот 394-ти концерт во Македонија. Но, прв за таа година. Опозицијата го напушта парламентот.

2021: Дедо Мраз се сели во Македонија. Поради евтината работна сила отвора фабрика во 23-та индустирска зона и решава тука да продолжи да ги склопува играчките за целиот свет.

2022: Предвремени избори. Груевски се кандидира за претседател и уште во првиот круг го победува единствениот противкандидат Кекеновски кој во неговиот 4-ти обид конечно се наоѓа на избирачката листа. Опозицијата го напушта парламентот.

2023: Предвремени избори. Градот Скопје воведува правилник дека сите такси возила треба да бидат на два спрата и да свири „GO GO Народе Македонски“. Нов проект на владата – „По еден автобус за секој пензионер!“.

2024: Македонија станува светски шампион во карлинг. Истата година Македонија станува и победник на Евровизија. Морален. Со нова песна на Орце Цветковски за Никола Груевски.

2025: Тодоров е сам влада и министер за све! Груевски ја донира својата облека за Фешн Вик во Скопје и добива орден за почесен преставник и амбасадор на истото збиднување.

2027: Отворен е 756-тиот параклис во реонот Бисер во Аеродром. Вранишковски ќе се обиде да побегне од затвор преку воскреснување, но го фаќаат. Министерот за култура полни 18 години.

2028: Отворен е магистрален пат со три ленти од кој едната ќе ја пресече Премиерот. Македонски железници се преименуваат во – „Тој возот“. Опозицијата го напушта парламентот.

2030: Предвремени избори. Сменети се неонки во ходниците на студенскиот дом Гоце Делчев. Имаат и топла вода за туширање… За време на празници. Тетово и Куманово ќе имаат вода два дена по ред.

2031: Маленко ја најде љубовта на својот живот. Завршува со емитување последната сезона од Малечката Невеста. Опозицијата го напушта парламентот.

2033: Предвремени избори. ДУИ стануваат пацифисти. Најден е гробот на Александар Македонски, но на никој веќе не му е битно, сега сите го бараат гробот на Тито. Македонците се борат за своите правдини.

2034: Германија ја окупира цела Европа, се оградува од македонско-грчкиот спор со името. Љубе Бошковски ја прележува деветтата затворска казна. Македонија излегува на Егејско море па пат на визи.

2037: Предвремени избори. Не постои радио. Има само едно пиратско кое зрачи од кајче на Дебарско езеро од кое идат САМО џинглови со Викса кој како старец ги снима без пари.

2038: Секое семејство има по три деца. Во странство. Македонија истата година воведува акцизи за извоз на кадар. Опозицијата го напушта парламентот.

2039: Елвис дипломира на институт за математика, 99,102 % е новиот број Пи. На покана на Архиепископот на МПЦ, г-дин г-дин Вранишковски, Ролинг Стоунс имаат концерт во св. Софија во Охрид каде, и покрај договорот, НЕ ја свират “Sympathy for the Devil”.

2040: Ѓорѓе Иванов издава мемоари каде тврди дека постојано му ставале “нешто во буковецот” и воопшто не се сеќава на годините кога бил претседател. Приведен Ивица Боцевски под сомнение дека формира партии само за да членува во нив и ги напушта по краток период. Но, пуштен е веднаш откако било заклучено дека печатите се направени од компир.

2041: Предвремени избори. Претседателот Кекеновски со исклучително силен настап во Обединети Нации. За жал, обезбедувањето трајно му ја оштетува хармониката “Dallape” при интервенцијата. Јован Јованов ќе напише своја авторска песна, но за жал или среќа таа никогаш нема да биде официјално објавена. Опозицијата го напушта парламентот.

2042: Заев го отвара возобновениот Мекдоналдс, каде пооцна се дознава дека они користеле од неговите кисели краставички, а третиот негов братучед немал удел во тоа.

2044: Градот Скопје набавува специјални возила за копање тунели во смогот. Хомосексуалците и понатаму не можат да стапат во брак според закон, па се сметаат за стари ергени и моми.

2045: Северна Кореја има комично риалити шоу „Живеејќи во Македонија“. Опозицијата го напушта парламентот. ДОМ се преименува во БЕКАТОН.

2047: “Твитер” по иницијатива на македонската твитер заедница го купува “Фејсбук” со што неговиот сопственик “Mај спејс” станува сопственик на трите најголеми социјални мрежи и “Гугл Плус”. Парламентот ја напушта опозицијата.

2048: Предвремени избори. Европска унија упатува порака до Македонија: Првин влезете во Европска Унија, па после името. НАТО излегува од Македонија. Истата година Македонија влегува во НАТО.

2099: Институтот Павел Шатев ќе изврши анкета за рејтингот на СДСМ и ДПМНЕ. ДПМНЕ добива 70% доверба, иако обете партии веќе не постојат.

„И ти си Шумахер“, акција на Владата на РМ за намалување на бројот на пензионери во Македонија.