Приказни од Џумерко [Пародија] Трет Дел

Day 2,097, 02:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Ordan Piperkata

Одамна ама многу многу ептен многу одамна,од многуте одамна уше тро фазла во Прилеп во кујчата на Димко Рајатоски тутуно-производител и Спасија Рајатоска домајчинка че се роди син и че го крста Филип 2 Македонски,бидејчи тогашните антички Прилепчани имале многу деца па покрај секое дете му клавале и бројка за полесна евиденција.
Ова се случило во Прилеп 1105 год. Пред рајџајнето на Рампо Р`чпало (П.Р.Р)
Пред и по Рајџајнето на Рампо Р`чпало тогашните антички Прилепчани така го рачунале времето.
Татко му на Филип,Димко бил многу виден чоек во Прилеп, бил висок 2 метри и 20 сантиметри па си можел од далеку да го видиш.
Еден ден Димко ги собрал Прилепчани пред фурната од Чкатровци и му рекол вака брајча:
Ние тутуно го произведуваме и го пушиме али сега ред е да му го дајме да ни го пуша и други грци,турци,арнаути и ред други а не досега како шо ни го пушеа без пари, од денеска че има пазарно стопанство плати па пуши и производството че го насочиме кон исток чему го даваме да ни го пуша и на курди,муџахедини и друзи.
И така таја година е формиран тутунскио комбинат во Прилеп,но после многу многу ептен многу години че дојда некој друзи сурати и од комбинато че напра чорба попара,од еднио влез влегува тутуно од другио влез излегува шлепер со цигари, и го доведоја комбинато до питачки стап.........Продолжува по 3-4 дена пишаното не го вадиме


*************************************************************
Втор Дел.....

Филип 2 Македонски основното образование го завршил во село Манастирец бродско а средно насочено во селото Чаниште Марио и после се запишал на правен Факултет во село Могила битолско
Во тогашната античка Македонија селата биле културно образовни центри
За време на школувањето во Могила тој се запозналсо Димче Могилче
Од кого шо духовно се збогатил со патриотизам
Еден ден седеле дома татко му Димко и мајка му Спасија нижеле тутун и Филип му рекол на татка му: Абе тате еве завршив правен факултет а работа нема како да напрајме јас сакам да бидам цар, е нможи така бе синко така цар не се станува
Не бери гајле татко јас знамкако се станува цар
И Филип 2 го повикал другарму Крсте Крастајцата и му рекол : Че одиш во село дреново и че го бараш Каме Мозоко,Каме е домајчин чоек и е љубител на алкохолни напивки и двајцата че ојте во Ваташа селото и че го барате глумецо Васо Ангелов,тој одгледува царска винова лоза и да ви откорни две парчина
И Крастајцата прашал а зошто 2 парчина?
зато шо ако не се фати едната че се фати другата, и како шо реколФилиптака би.....донесле царска лоза од кавадарци е посадиле во дворо на рајатовци и Филип станал цар

*************************************************************

Трет Дел

Од ко станал Филип 2 цар по 7 дена го викнал главнио гаваз и му рекол :
Че одиш да повикаш 5 мина зидари варошани.
Кога дошле зидарите Филип му се обратил:
Слушајте ваму вие мајстори варошани: Ја глете она на запад од Прилеп белана река шо течи (за време во античка Македонија Црна река се викала Бела река)
Од ко дојдоја црни деној за Македонија и та сирота поцрни.....Е после та река се е празно,ојте таму да изградите еден град и градо да се вика Битола за да има ние Прилепчани со кој да се караме. И како шо рекол така и би
Инаку Филип втори се оженил за една наочита мома Крушевчанка по име Олимпијада черка на Шула Мина,пресудно во изборо на Олимпијада било миразо 4 јамболии валани......напомена : жена му на Филипа не е во никаква родбинска врска со зимската Олимпијада во Сараево.
Филип и Олимпијада имале едно дете ама вредно го викале Александар Македонски,ко имал 10 год. Александар бил на гости во Крушево кај дедому Шула Мина и дедо му за поклон му дал којн ,којно се викал Букефал,е арно ама ко го донесол Александар којно во Прилеп станал магаре,оти во Прилеп и да сакаш да бидиш којн не те остава,со сила че те напра да бидиш магаре......

За шаут:
Приказни од Џумерко [Пародија]Трет дел
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2306823/1/20