Ambient pornit/oprit

Înscrie-te

 

Continuă

Continuă Prin crearea acestui cont declari că ești de acord cu Termenii serviciului & Politica de confidențialitate

Чешка сака Македонија да добие датум за преговори

Ziua 1,820, 08:32 Publicat în Czech Republic Macedonia (FYROM) de Strumica United
Чешката Република традиционално ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.



-Чешка генерално го поддржува проширувањето на ЕУ и на сите досегашни настани на кои се зборувало за Македонија во контекст на проширувањето таа била на наша страна, изјави претседателот на македонската Влада Никола Груевски по денешната средба во Прага со чешкиот колега Петр Нечас.

Оценувајќи дека особено сега е многу важно да продолжи подршката, Груевски рече дека добил потврда дека Чешка ќе и помогне на Македонија во однос на добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, јави дописникот на МИА од Прага.

- Чешката поддршка се однесува и на планот на Европската комисија која неодамна кажа дека во декември Македонија ќе добие датум преговорите да започнат без одлагање. И бездруго во билатералните односи Чешка не ословува како Република Македонија и договорите ги потпишуваме под нашето уставно име, така што средбата беше успешна, истакна Груевски.

Тој додаде дека со чешкиот премиер разговарале и за други прашања, констатирале дека расте економскат размена меѓу Македонија и Чешка, особено делот што се извезува од Македонија.

Средбата меѓу двајцата премиери беше искористена од македонска страна за да се испрати покана до чешките инвеститори да инвестираат во Македонија.

- Чешкиот премиер укажа дека повеќе компании од различни области имаат интерес да инвестираат во Република Македонија така што очекувам во иднина работите да се одвиваат во добар правец особено затоа што нашата земја нуди добри услови за правење бизнис. Повеќе меѓународни институции во нивните извештаи ги имаат констатирано поволните услови. Највпечатлив е оној во редовниот извештај на Светската банка, ,„Дуинг бизнис" каде Македонија од 96-тата, сега е рангирана на 23-тата позиција во светот според условите за правење бизнис, изјави Груевски.

Македонскиот премиер вчера имаше обраќање и на пленарната седница на 58. годишното заседание на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, што од 9 до 12 ноември се одржа во Прага. Тој оствари неформална средба и со Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, на која двајцата размениле мислења околу реформите што ги спроведува Македонија, како и околу евроатланската интеграција на државата.
 

Comentarii

frozeX
frozeX Ziua 1,820, 08:35

PRFFFFFFFFFFFFFF !!!!!

Macedonian Power
Macedonian Power Ziua 1,820, 08:46

pisi na angliski

Strumica United
Strumica United Ziua 1,820, 08:49

me mrze !

Felllix
Felllix Ziua 1,820, 09:10

o7

Kaileene
Kaileene Ziua 1,820, 09:57

skusim este 4 piva a mozno tomu zacnem rozumiet

Leader of Scorpions
Leader of Scorpions Ziua 1,820, 11:08

pa i ovde im pomagame nie na voen i na ekonomski plan

Kaileene
Kaileene Ziua 1,820, 12:54

nie .. bohuzial... stale to neviem precitat...

MrPedro
MrPedro Ziua 1,821, 06:58

ja ti to prelozim. Tatari si mysli, ze clankem o podpore Ceska pro vstup do EU a NATO nejak zaboduji.
Ja jsem pro, aby Ushtria Çlirimtare Kombëtare povstala a nakopala jim prdel

Flamendr
Flamendr Ziua 1,821, 10:15

A ted srozumitelne!

 
Postează răspunsul tău

Ce este asta?

Acesta este un articol scris de un cetățean eRepublik, un joc de strategie bazat pe țările din viața reală. Creează-ți propriul cetățean și condu țara ta pe drumul ei spre glorie. Îți poți câștiga faima în războaie, luptând ca un erou, în presă, scriind articole, sau construind un imperiu financiar.