А бре Македонче....

Day 1,802, 16:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Немам пишано статија веќе подолго време но ситуацијава што денес ја гледам во еМакедонија а ни се повторува постојано и постојано како зарибана музичка плоча ме навраќа на стиховите од “Бели Мугри“ на Коста Солев Рацин:

“Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се – денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
остана живот кучешки!
Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само р’гај си
за себе маки тргај си –

нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!“

Кочо Рацин во песнава кажал многу за патетичната импресираност на Македончето по туѓото без да го цени, жали и почитува своето а јас ќе додадам само дека за другите сме нај добри, нај фер, нај коректни, нај пожртвувани и последното ќе го даваме за едно пусто тапшање по рамо ама онаму каде највеќе треба - својот труд да го цениме - ЗА СЕБЕ сме СКОТОВИ!!!

Затоа сега некои "сојузници“ (можеби и со право) позади грб ни се потсмеваат на лекомисленоста нарекувајќи не - “Радодајки“....

За жал ова ни стана национална максима - “Ќути си трај си, кога ќе ти побараат - дај си!“







“А бре Македонче, каде се спремаш?
борба те чека, борба за туѓа слобода!“





ДО КОГА БРЕ МАКЕДОНЧЕ?!?




еве и еден `ГЗ за да не биде опашувањето на суво ; )