МК: Црна Гора како туристичка дестинација

Day 1,704, 12:42 Published in Montenegro Montenegro by Cesar Vialpando MNE

Па летниве горештини може да се рече дека на сите ни удрија во глава и време е за малце одмор нели? Па мислам дека наместо Македонците да идат и да даваат пари кај тие што ги негираат, може да идат на одмор кај земја која ги признава и во која секогаш ќе се чувстуваат добредојдени и како дома. Ова беше инспирација да работам на туристичко пропаганден материјал кој ќе се однесува на Македонија и на Црна Гора. Во следните статии се повеќе ќе се запознаваме со природните убавини на двете земји и познатите туристички места но со единствена цел за задлабочување на долгогодишното пријателство меѓу двете земји. 🙂

Црна Гора како туристичка дестинација


Црна Гора е мала земја на Балканскиот Полуостров, со население од 620.029, таа воведно е и најмалта држава на Балканот. Главен град е Подгорица додека историска престолнина е градот Цетиње. Најголеми етнички групи се Црногорците и Србите. Според религија поголемиот дел или околу 72% се со православна вера.
Туризнот е значајна гранка и има голем удел во БДП.
Лоцирана во југоисточна Европа, малечката држава Црна Гора е рај за љубителите на добри плажи. Крајбрежјето е долго 293 км, а на него се распослани 117 прекрасни плажи, кои се вкупно долги 73 км. Црна Гора е држава благословена со исклучителна разноликост и колоритни контрасти, со разновидна природна убавина и традиции стари со векови.

Комбинирајќи ја медитеранската клима со просечно 240 сончеви денови во текот на годината и преубавите плажи заедно со тиркизното Јадранско море и гостопримството на локалните жители, несомнено ќе се согласите дека Црна Гора е прекрасен европски бисер. Климата во Црна Гора е пријатна и изнесува околу 30 степени Целзиусови во летната сезона. Некои од плажите се песочни, други послани со камчиња, некои се мали, други големи, трети скриени...

ПРОДОЛЖУВА....