Востанија [Министерство за Информирање]

Day 1,478, 06:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав еМакедонијо

Секојдневно многу македонци поддржуваат востанија против Македонија. Затоа решивме да напишеме статија за востанијата.



За да поддржите едно востание потребно е:
- Да се наоѓате во регионот кој сакате да го ослободите
- Да имате 1000 пари од државата за која кревате востание

Востание не може да се поддржи:
- Доколку регионот е освоен пред помалку од 24 часа
- Доколку отпорот на државата за која сакате да кревате има востание против државата во која сакате да поддржите
- Доколку во регионот има војна (не востание)

Доколку поддржите востание во еден регион, а се крене во друг регион окупиран од истата држава парите што сте ги вложиле во востанието ќе ви бидат вратени.

Можете да поддржите само едно востание во исто време.

Доколку востанието е успешно добивате медал.
Доколку востанието што ќе го поддржите е неуспешно тогаш 7 дена ќе бидете блокирани да поддржувате востанија.

НАПОМЕНА: Не кликајте SUPPORT ако сте во Македонија бидејќи со тоа ќе поддржите востание против Македонија. Исто така не подджувајте востанија и во ОНЕ земјите (Унгарија, Индонезија, Полска, Србија, Шпанија и Шведска) и проОНЕ земјите (Иран, Мексико, Перу, Словачка, Словенија,Турција, Венецуела, Црна Гора, Нов Зеланд и Велика Британија)





Министерство за Информирање

Министер: Златко Каскаревски
Замениците: Girl from MACEDONIA и svetecot