Објаснување како да гласате [Министерство за Информирање]

Day 1,473, 08:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо

Се решивме денеска да направиме една кратка статија со објаснување (посебно за новите играчи) како да гласате бидејќи се ближат Претседателските избори. Во продолжени погледнете го објаснувањето се надеваме дека ќе ви помогне.




Voting System (систем на гласање) е демократски систем бидејќи изборите се одржуваат во сите држави на еРепублик.

Секој 5 во месецот се одржуваат Претседателски избори
Секој 15 во месецот се одржуваат партиски Претседателски избори
Секој 25 во месецот се одржуваат конгресменски избори


Граѓаните кој гласале во некоја држава/партија не можат да гласаат истиот ден дури и ако променат држава/партија.



Избори за Претседател на држава

Овие избори се одржуваат секој 5-ти во месецот.
Како да гласате

Кликнете на ставката Elections која се наоѓа во Community менито.
Откако ќе го направите тоа ќе ви се отвори нова страница на која ќе бидат дадени сите кандидати. За да гласате за кандидатот што сте го одбрале треба да кликнете Vote кое се напѓа под името на кандидатот и откако ќе го направите тоа ќе ви се отвори повторно нова страна на која ќе можете да ги видите неофицијалнте резултати од изборите.



Партиски Претседателски избори

Овие избори се одржуваат на секој 15-ти во месецот.
На овие избори можете да гласате само ако сте член на некоја партија.
Како да гласате

Кликнете на ставката Elections која се наоѓа во Community менито.
Откако ќе го направите тоа ќе ви се отвори нова страница на која ќе бидат дадетени сите кандидати од партијата во која што сте член. За да гласате за кандидатот што сте го одбрале треба да кликнете Vote кое се наоѓа до името на кандидатот. Откако ќе го направите тоа ќе ви се отвори повторно нова страна на која ќе можете да ги видите неофицијалнте резултати од изборите.




Конгресменски избори

Овие избори се одржуваат на секој 25-ти во месецот.
Како да гласате

Кликнете на ставката Elections која се наоѓа во Community менито.
Откако ќе го направите тоа ќе ви се отвори нова страница на која ќе бидат прикажани партиите од тој регион во кој што се наоѓате вие. По избор на партијата за која сакате да гласате ќе ви се отвори нова страница на која ги имате кандидатите од таа партија. За да гласате за кандидатот што сте го одбрале треба да кликнете Vote кое се наоѓа до името на кандидатот. Откако ќе го направите тоа ќе ви се отвори повторно нова страна на која ќе можете да ги видите неофицијалнте резултати од изборите.




Превземено од Wiki

Се надеваме дека овие кратки објаснувања ќе ви помогнат околу изборите.



Министерство за Информирање

Министер: Златко Каскаревски
Замениците: Girl from MACEDONIA и
svetecot