КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Day 1,471, 14:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski




Почитувани читатели, почитувани македонци!

Кога првпат стапив во контакт со играва во 2009, претседател македонски немаше, бевме во русија, во индонезија, секаде само не Македонија! Откако ја добивме Македонија, на нејзино чело стоеа искусни помалку искусни и неискусни македонци, но јас пак никогаш не ни помислував дека ке дојде денот кога ке успеам да добијам 1000 претплатници на овој мој весник а не па да добијам прва Пулицерова Награда за истиот и од кој јас еден ден ке се кандидирам за Претседател на Македонија!!!

Во играва сум долго време и почестен што неодамна го добив првото интервју....
Таму имаше едно вакво прашање:
______________________________________________________________________________________________
8.По твојата популарност доколку би си се кандидирал за претседател,каква политика би вовел и каков рефунд систем ?

Dushko Avramovski:Ах мојата популарност, па добро ете вие ако викате дека сум, фала. И пред да одговорам прво морам да напоменам нешто а тоа е дека таа “популарност” не треба да е, причина, секако дека е отскочна даска ако може така да се каже, меѓутоа не треба да биде причина поради која јас би се кандидирал, и би бил премногу себичен искористуваќи го тоа за свои цели по цена на еМакедонија. Како што реков погоре доколку сум цврсто решен да одам по одреден пат би одел цврсто и решено.....

______________________________________________________________________________________________
песна уз текстот

Епа почитувани, дојде тој ден!

Отпрвин имавме мали проблеми со времето и мојата достапност, но сето тоа е елиминирано и како што се изјаснив недела две претходно, сега кога сум цврсто решен можам да одам до крај, со вашата подршка, заедно!!!

Сите ние ја сакаме Македонија, но што вредат зборовите ако нема дела? За истите треба време и добар план! Добри идеи, и тим со визија! Но видете, сите ние сме различни и оттаму секогаш имало и ќе има несогласувања и недоразбирања, безразлика какви планови имало, или какви ќе се принесат! Тоа се единствените проблеми! Кога веќе знаеме, кој се проблемите, зашто не работиме на нив? Во наредниот месец, алудирам на сеопшто македонско обединување во ЕДНА АРМИЈА по секоја цена! Да не бидам погрешно сватен, ќе постои голем тим составен од играчи со големо искуство зад нив и верувајте во нив и наместо да има разноразни негирања пробајте да разберете за да не дојде до разноразни спамања и тролања, истотака сакам да си врзете во крпче дека кога мавате милионски штети, тоа не го правите за Демони за АрМакедон, Панзер, Волци, Лавови, МТО или која ти не друга единица! Сите ние се бориме во две единствени бои со едно име и едно знаме, за една држава, некогашната најголема империја во светот, МАКЕДОНИЈА!

Друго битно...

Сите знаеме за "љубовта" меѓу најголемите единици! Тоа можеби не не доведува до намалување на нашата моќ, меѓутоа и те како го одзема моментот на Македонија. Но за ова ке разговараме понатака! И запамтете дека една прачка и бебе ќе ја скрши, но на куп прачки и 10 Ромпера + 1 Грција, може раце да скршат обидувајќи се! Тоа е мојата девиза! Одиме заедно, и обединето!
Овие зборови би биле празни, ако ја немам вашата подршка!
На обединување не мислам кога велам да си подадете рака и готово, се е средено! На обединување, покрај тоа, мислам на перфектно соработување и организација од која цел ЕДЕН ке трепери! Не е битно 30 милиона штета да летнат во време од саат-ипол, туку 3 милиона во 10 секунди! Невозможно? Кажете му го тоа на некој друг! СЕ Е ВОЗМОЖНО! Затоа посебно ке се внимава на организацијата и активноста на армијата!

Како?!

Стимуланси!
Да, ќе има награди за сите оние кои мавнале над 1 милион! Ќе има награди за воените единици, за меѓусебен натпревар и со самото тоа кревање на нашата воена моќ! Колку повеќе милиони инфлуенс, активност мерена преку дневните удари на една единица, ке доведе до поголем рефунд на истата! Што сте сееле - тоа ќе жнеете! Се ќе биде по заслуга и се ќе биде пратено! За ова нешто повеќе во деновите кои следуваат.

Армијата повторно ќе се активира на армискиот канал #emkd-army. Мора да се организира армијата во најдобар ред за максимална функционалност и дејствување во даден момент, ефективно! Фалангата продолжува со работа под полна пареа под раководство на сегашниот MagiMaster!
Истотака битно да напоменам е дека за сите оние кои ќе имаат "зимница" за да мавнат милионска штета, за Македонија, ќе имате награда од 20 до 30 тенка по 1 милион направена штета - стимул да ја насочиме штетата кога е највеќе потребна.
Нешто плус! Ако успеав да спроведам попис на 900 играчи, ќе спроведам и нов во кој верувам голем број ќе се изјаснат за тоа кога се присутни пред компјутер, колку се активни на чат каналите и на која единица припаѓаат(и нешто плус можеби). Со ова ЗА ПРВ ПАТ ќе се овозможи ПРЕЦИЗНО, попрецизно амин, темпирање на армијата и соодветно издавање команди.

Ке постои и Црвен Крст, каде доброволно се пријави TomiDam заедно со dimzaaa да ги финансира сите нови играчи или млади како сакате, до 25ти левел кои не се припадници на некоја воена единица и се до +1000 сила. Значи таму кој сака може плус да му се приклучи на TomiDam и помага во помагањето на помладите. Тоа е се доброволно! Да се донира храна кој колку може.
Апел до помладите читачи, сите Вас на кој Ви треба храна ке се обратите значи кај TomiDam доколку ви треба храна бесплатна, до 500 енергија дневно!

Економијата во оваа игра на се личи ама на економија не. Економијата, како што ни е на сите јасно ја диктираат админите. Единствено што може да се направи од наша страна би можело да ја подобри за само 10 до 15 % и пак админите да пуштат попусти и златото да отиде каде што они сакаат. Може со консултација на стручниот тим да донесеме нови даноци посебно за ДДВ-то. Дневно во Македонија во трезор влегуваат повеќе од 90к денари што пола и повеќе идат од ботот на плато кој е вметнат во маркетот ботот Т50 кој одкупува секој саат одреден процент на продукти од маркетот со тоа се внесуваат и нови мкд секој ден а недостаток на злато. Единствен спас според мене во економијата е да имаме што е можно повеќе ресурси и да користиме бонус, да имаме најевтин пазар во сите еЗемји и да идат играчи кој ќе го менуваат златото во мкд и ќе купуваат производи од нашиот маркет со што ќе се внесува злато од надвор. Може да ветам дека ќе се потрудиме колку можеме да го подобриме златото во споредба со денарот па може и да се проба со интервенција дирекно на маркетот колку ќе биде тоа успешно неможе сигурно да се каже, но вреди да се проба!

Сите овие замисли и идеи не водат на исток! Таму, во непознатото, таму каде што најголемиот наш војсководец Александар застана! Тоа се доста високи цели, истите ќе бараат голем труд, макотрпна работа, многу нерви! Како до таму?

Трпеливо и чекор по чекор!

Прво што треба да се направи е да ги ослободиме оргиналните региони од јужните. Доколку ова се исфабрикува и се создаде приказна, се спакува, и се пушти на интернет имаме добри можности за нов "Baby Boom" (нешто не толку битно во склоп на плановите но да се земе впредвид за придобивка на еМакедонија. Овде очекувам голема улога од страна на Министерството за Развој)

Второ е окупирање на Египет и дел од Саудиска Арабија и договор со Иран во размена на региони исклучиво преку договор никако преку војна како што во моментов се правеше. Не ни е потребен нов непријател посебно не Иран кој не подржува од самиот почеток.

Ако се оди по планот тоа ќе се исполни во првата недела, а што понатаму од мандатот?

Трето ќе се направи состанок со тенковите! Нашите момци, кој безрезервно финасиски се трошат за еМакедонија! И ќе пробам, да ги соберам сите претходни претседатели и да дискутираме заедно за можноста да направиме некаков договор со јужните за НЕ напаѓање, односно да нема војна меѓу нас.
Според мене на грција ваквиот договор би им одговарало, знаеме колку им требаше да се ослободат и колку финасии потрошија, но тоа не би требало да ме засега доколку од ова немаме ние никаква добивка! Доколку се одлучиме на овој потег, границата со Кина ни е на дофат! Ке стигнеме дотаму каде што некогаш македонците војуваа! Камо модулот на играва да беше поинаков па да можевме тоа да го направиме од нашата татковина, но колку и да се чукаме во гради, ја сум реалиста, и тоа е практично НЕВОЗМОЖНО, освен ако тенковите наши не фрлат 1000 евра плус или добиеме +10000 нови играчи.
Верувајте, нема човек во играва кој повеќе од мене го негира мирот под наводници! Затоа што РЛ незнам дали некој има осетено што значи да бидеш патриот и македонец од егејот! Значи порано или подоцна Вие ќе сватите дека мора да се направи некаков договор за да се шириме, да се разбие монотоноста на играва која моментално ја водиме! Македонија по жители ја нема во ТОП 5! Македонија пола година војува со јужните!

Четврто, походот на исток исто така може да се искористи како причина плус за "Baby Boom" по нашите веб сајтови а зошто и да не и од некоја телевизија? "Македонија по чекорите на Александар во поход кон Исток" Зарем нема овој наслов да направи вистински БУМ на интернетот?! Друго, мора да се напоменe дека Кина е најака членка на ЕДЕН и е една од најбогатите земји со зимница и голд. Е сега додека се стаса до граница со Кина ќе одржам состанок со сите лидери и преставници на генералштабот за некакво намалување на рефундот, сепак достоинствено, за сите освен за фалангата која мора да интерверниа кој сојузниците, воедно со цел да се собираат големи залихи и да се оди уште подалеку и да се урне кинескиот ѕид! Овој предлог може ќе наиде на осуда од некој паравоени но е доста потребен, верувајте! Кина во својата банка има преку 2 милиона од нивната валута а ние имаме само 200.000! Ја сакате Кина? Ќе им загрмиме на портите или ќе останеме овдека да играме пинг-понг со јужните?
Јас разбирам дека не постои поголема мотивација и борба отколку во борбата со нив, но ние нив ѓи покоривме милион пати, кој не ѓи покори? Колку грци научија македонски? Со месеци работеа во наши фирми! И што ти не! ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈО, ДА ОДИМЕ ТАМУ КАДЕ ШТО НЕКОЈ(ГРЦИЈА) САМО МОЖЕ ДА СОНУВА! ОБЕДИНЕТИ И ЗАЕДНО ВО НЕПОЗНАТОТО! ДА ОДИМЕ ТАМУ НЕ КАДЕ ШТО ВЕЌЕ ИМА ПАТ! ТУКУ ТАМУ КАДЕ ШТО НЕМА И ДА ОСТАВИМЕ НАША ТРАГА- ЗАСЕКОГАШ!!!


Ова е мојот тим, ако мислите дека НИЕ заслужуваме да ја водиме државата, со ваша целосна искрена подршка, гласајте за мене, Dushko Avramovski од партијата Обединети за Македонија (ОеМ)

Министерство за Информирање: Zlatko Kaskarevski, svetecot и Girl from MACEDONIA

Министерство за Економија: Grand Admiral Kristijan

Црвен Крст: TomiDam и dimzaaa

МоД: DarkoDimovski1
Заменици: Stole Lazarov, danakmkd, goodbeer, slajder, glamche, MagiMaster, RombO, Kirijana и Mehandzijski

Министерство за надворешни работи: BlackMK и Lance of Longinus
координатори со ONE: Ivan Vancho Makedonski
советници: PhoenixMK и UnitedMacedonia

Заменик Претседател: Martin Tashkoski
личен советник: Aexil Kong

Премиер: Bojan aKa T-MaC






Ваш и секогаш искрен,
Душко Аврамовски