Објаснување за новите играчи [Министерство за Информирање]

Day 1,471, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо

Поради тоа што беше побарано од некој играчи да се објави од ова Министерство статија и нормално за да му помогнеме сите на Don Tas околу бејби бумот (ма да се виде дека е способен сам да го направи) ние како Министерство решивме да објавиме неколку објаснувања за разни ставки од еРепублик. Па сите нови играчи можат да видат како можат да ја играат играва.

Мој имот (My Land)


My Land.png Опцијата Мој имот (My Land) е достапна преку главното мени или со кликање на "Land" на страната на Вашиот профилот ќе ви биде покажано како "My Land" ако сте сопстевник на акаунтот или ако гледате друг профил тогаш ќе пишува "Land of името на акаунтот".

Опцијата Мој имот ви го покажува вашето земјишто вклучувајќи ги вашите компании и Ви овозможува да работите и тренирате. Пример за тоа како изгледа оваа опција можете да видите тука.

Совет: Можете да влезете во Вашиот имот со притискање на копчињата SHIFT+L од вашата тастатура.

Земјишта

Кога ќе се создаде нов граѓанин тој автоматски добива 3 различни имоти: Пазар на труд, Центар за обука, Складиште и 3 празни земјишта.

Забелешка: Пазарот на труд, складиштето и центарот за обука се вклучени во конечниот број на ваши зафатени земјишта кои може да се најдат преку линкот до вашиот имот.

Копчиња и линкови

Првото земјиште обично ви покажува каде работите. Под него можете да ја видете квалитетот на компанијата односно квалитетот на производите кој што таа ги понудува на пазарот. Сепак, доколку сте невработени Вие ќе видите линк до пазарот на труд. Второто земјшите е линк до тренинг центарот. Со кликање на графичката претстава на зградата Вие ќе отворите нова страна на која ќе можете да работите или да тренирате во зависнот од отворениот линк. Ако веќе сте работеле/тренирале тогаш линкот ќе ве води до вашите резултати. Третото земјиште е резервирано за Вашето складиште.
Останатите земјишта се користат за вашите компании. За да работите во вашата компанија како менаџер треба да кликнете на графичката претстава за вашата компанија или да кликнете на линкот на вашата компанија кој можете да го видите со лебдење со стрелката од глушецот врз графичката претстава на вашата компанија. Откако ќе работите вие ќе можете да ги видите резултатите од вашата работа.

Вие можете да создавате или да купувате компании на слободните земјишта со знакот за градење. Ако немате слободно земјиште тогаш можете да купите со кликање "на продажба (for sale)" и ќе ви се активира скокачки прозорец на кој можете да го купите земјиштето.

Зголеми го земјиштето

За да ги зголемите вашиот имот вие можете да купите повеќе земјишта. Нови земја можете да купите со влегување во вашиот имот и со кликање на земјиштето што не го поседувате ќе ви се појави земја "за продажба (for sale)". Ќе ве чини 1,000 единици од локалната валута на вашето државјанство за да создадето ново земјиште, доколку немате доволно пари тогаш ќе ве информира за тоа и копчето за купување на нов имот нема да вид биде достапно. Со селење во друга држава нема да можете да ја смените валутата која е потребна за ново земјиште освен ако не го смените Вашето државјанство.

За разлика од компанија, вашиот имот не можете да го "уништите" ниту пак можете да го продадете.


За да создадете компанија вие треба кликнете на знакот за градење. Вие можете да купите нов земјиште со кликање на "Купи земја (Buy land)".



Компании

За да купите или создадете компанија Вие треба да имате најмалку едно празно земјиште. Создавањето на нова компанија чини Icon-gold.gif 10 GOLD но ако немате празно земјиште Вие ќе морате да купите. Уништување на Q1 компанија ќе ви даде слободно земјиште и Icon-gold.gif 5 GOLD.

Продавање и уништување на компанија ќе ви донесе празно земјиште на кое ќе можете повторно да имате компанија.





Marcetplace

Избор на производи

Откако ќе го отворите Маркетот ќе ви се прикаже лента со производи. Во десниот агол можете да ја промените земјата. Морате да знаете дека можете да купите производи зависно од колку е голем вашиот магацин (складиште). Кога ќе го најдете бараниот производ кликнете на него.

Граѓаните можат да купуваат се освен болници и одбранбени системи бидејќи само државата може да купи болници и одбранбени системи.

Избор на квалитет

По кликнување на одбраниот производ ќе ви се отвори нова лента на која можете да си одберете квалитет на одбраниот производ

Откако ќе одберете одреден квалитет на производот ќе ви се одвори под лентата производот со тој квалитет понудувачите и цените.





Job Market

Откако ке кликнете на Job Market ќе ви се отвори следниов прозорец


Откако ќе ви се отвори овој прозорец вие можете да влезете во која сакате комнпанија со тоа што ќе стиснете apply. Откако ќе стиснете apply ќе ви се отвори прозорецот на My Land каде со кликнување на фирмата во која што сте се вработиле вие ќе можете да одработите и да земете плата за тој ден.



Политичките партии се основа на политичкиот систем во еРепублик. Ако сакаш да се приклучиш на некоја партија пристапи до 'My places' табот од Main menu и кликни на 'Партија' линкот. Тука имаш две опции: приклучи се или создади своја партија партија.





Приклучи се на партија

Ако кликнеш "Join a Party" ќе можеш да ги видиш сите партии во твојата држава. Да се приклучиш на партија, исто така да бидеш во земјата и да имаш државјанство. Изберете линкови за да ги видите страните на партиите.



Страна на партијата

Откако ќе се приклучиш на партијата, или само ја гледаш страната на партијата, ќе ги видиш следниве информации.



Информации

Аватар и име на партијата
Име на претседателот на партијата
Земјата од каде е партијата
Линк на партијата на Вики еРепублик
Линк на форумот на партијата

Делот со информации покажува:

Број на членови
Политичка ориентација (економска и општествена)
Кликна "See All Members" и ќе можеш да ги видиш сите Партиски членови
Приклучи се/Напушти - Ако не си член на партијата, ќе ти се појави "Join" копчето. Со кликнување на "Join" ти стануваш член на партијата. Ако си веќе член, ќе ти се појави "Resign", со кликање на ова копче ти ќе ја напуштиш партијата во која си членувал до тогаш.





Избори

Оделот избори е место каде можеш да ги видиш избраните членови од твојата партија, или кога се следните избори.



Водството на партијата

Овој одел ги прикажува:

Претседателот на партијата (аватар, име)
Со кликање на "Show Results" ќе може да ги видите последните изборни резултати
Број на денови до следните партиски избори и бројот на кандидати за тие избори
Копчето "See Candidate List" ќе ви ја прикаже кандидатската листа за следните избори
Ако го кликнеш "Candidate" копчето, ќе се кандидираш за претседател на партијата.

Забелешка: Ако сакаш да се кандидираш партиски избори твоето искуствено ниво мора да биде минимум 13 (125 EP)





Конгрес

Овој одел ги прикажува:

Бројот на партиски членови во конгресот и процентот од вкупниот број конгресмени
"Show Results" копчето, ќе ти ги покаже резултатите од последните избори за Конгрес
Број на денови до следните избори за Конгресот
Линк кон листата на предложените членови на партијата за избори на Конгресот

За информации околу трката за Конгресот, види congress elections




Државно водство

Овој одел ги прикажува:

Сегашниот претседател на државата (Аватар и име)
"Show Results" копчето, ќе ти ги покаже резултатите од последните избори за Претседател
Број на денови до следните Претседателски избори
Партискиот кандидат (твојата партија) за следните Претседателски избори
"See Candidates List" копчето кое ќе ти ја покаже листата на кандидати. Види Листа на кандидати за Претседател



Создади Партија

Понекогаш можеби ќе сакаш да создадеш своја партија и да започнеш се од почеток. Запомни, сепак, во развиените земји, многу поефтино е да се преземе некоја мала, напуштена партија, со твое станување на партиски претседател и менување на на партиските атрибути.
Кога ќе кликнењ "Create Party", ќе дојдеш на страницата за креирање на нова политичка партија. Горниот дел од екранот покажува:

линк до оваа Вики страна
Gold во твојата лична сметка и Buy gold копче
Ако сакате да дознаете повеќе за претседателски избори, види Country President Elections(На Англиски).





Барања

Граѓанинот мора да биде на 13-то ниво на знаење (125 EP) и 40 Злато.
Со цел да создаде партија, граѓанинот мора да бидат поранешен член на друга
партија.

Детали за партијата

Внеси ги следните податоци

Името на партијата - мора да содржи од 6 до 30 карактера, само букви, броеви, и следниве знаци (! # $ % * ? | . / ^ { } ` ~ & ' + - = _ ). Останати знаци не се дозволени.
Економска ориентација, помеѓу: Far-Left, Center-Left, Center, Center-Right, Far-Right
Социална ориентација, помеѓу: Totalitarian, Authoritarian, Libertarian, Anarchist
Партиски грб - Додавање(upload) партиски грб(лого) за твојата партија
Простор за конверзација - линк на приватеб форум или надворешна веб страница каде члановите на партијата би можеле да разговараат за политичката активност..
Кликни "Create" и создај своја партија.



Воени единици

Воени единици се групи составени од членови и капитени. Единиците можат да се користат за управување на различни типови на војка, како на пример државна и приватна. Во една единица може да има безброј членови со тоа што на секој 30 играч се прави нов полк. До страницата на единицата можете да дојдете така што ќе одите Community - Military unit.
Трик: Можете да отидете на страната на воената единица така што ќе стиснете SHIFT+M.





ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЕНИТЕ ЕДИНИЦИ

Воените единици се високо организирани групи



ПОЛКОВИ

Полк е подгрупа во воената единица. Секој полк може да има максимално 50 членови-30 може да влезат, а 20 може да бидат повикани од страна на моменталните членови на тој полк. Кога еден полк ке ги пополни сите 30 места, автоматски се прави нов полк. Секој полк има свој посебен “ѕид” на кој може да се комуницира. Секој полк има капетан кој може да поставува свој наредби на војниците и да ги информира.



ЛАНЕЦ НА КОМАНДИ

Во секоја воена единица постои специфичен ланец на команди кој ги вклучуваат командантите, други команданти и капетани.
КОМАНДАНТ
Командант е глава на целата воена единица. Тој има најголема моќ во воената единица. Командантот може да исфрли членови на воените единици и да издава наредби на војниците. Да станете командант мора да имате најмал чин командир.
Ако комамдамтот на единицата одлчи да настапи единицата без претходно поставен нов командант ќе се случи следново:
-Ако единицата има други команданти, најголем по чин друг командант ќе го преземе неговото место.
-Ако единицата нема други команданти:
-Ако во единивата има друг член со чин командир или повисок и кој е во единицата повеќе од два дена тој ќе го преземе местото на командантот.
-Ако нема членови со ранк повиок од командир или повисок и кој е повеќе од два дена во единицата, единицата нема да има командант се додека некој од членовите не ги исполни овие услови за тоа место.
-Ако е командантот последен член во единицата, единицата ќе иде избришана.
Важно: Ако командантот не се логира на еРепублик повеќе од 7 дена, горе наведените постапки ќе се применат.



ДРУГИ КОМАНДАНТИ

Другите комнданти се заменици на главниот командант. Командантот може да постави два негови заменици. Тие два заменика мораат да имаат чин поголем од командири. Тие имаат можност да ги исфрлат членовите од единицата кој се повеќе од два дена во неа.



КАПЕТАНИ

Капетаните се глава на полковите. Можете да станете капетан ако имате најмал ранк на капетан. Секој 15-ти во месецот се одружуваат избори за капетани и членовите на тој полк може да гласаат за капетан. Капетаните имаат можност да отстранат членови кој се подолго од два дена во тој полк и имаат можност да издаваат дневни наредби за тој полк кој се гледа на почетната страна на играта.



ВРСТА НА ЧЛЕНОВИ

Постојат две врсти на различни членови во воената единица: регрути и полноправни членови. Единствена разлика помеѓу регрутите и полноправните членови е во тоа што регрутите неможат да се кандидираат за капетан и да гласаат за капетан во тој полк. Секој член ќе биде регрут додека не исполни регрутски наредби.



ФОРМИРАЊЕ НА ВОЕНА ЕДИНИЦА

За формирање на единица потребно ви :
-да имате 40 голд
-да имате ранк на командир или повисок
-да сте 20 левел или повисок
Воената единица која ќе се формира ќе биде во земјата од која играчот има државјанство и затоа бидете претпазливи бидејќи не е можно да ја промените иако земјата може да биде под окупација.



ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕДИНИЦА

Ако сакате да се придружите на единица потребно е да ги исполните следниве услови:
-да не сте член на ниедна воена единица
-да немате ниедно активно барање за некоја друга воена едница
-морате да имате исто државјанство со земјата на единицата
Кога ќе испратите барање за влегување во воена едница потребно е командантот да го прифати вашето барање.
Важно: Можете да го промените вашето државјанство откако ќе влезете во воената единица.




НАРЕДБИ ЗА ЧЛЕНОВИ

Секој полк има издадени наредни од страна на капетанот или командантот. Наредбите на полкот можат да бидат поставени секој ден после 00:00 часот по еРепублик времето. Секој капетан (или командант) има одреден простор за издавање на нареби на војниците на страната на воената едницица.
Како командантот/капетанот може да издаде наредба?
Капетанот или комндантот може да постави само една наредба во текот на еден ден и тоа ќе биде видлово на страната на полкот.
-доколку наредбата не е поставена командантот може да постави наредба за сите полкови
-ако наредбата на полкот е поставено, наредбата на командантот нема да ја поништи наредбата на капетанот, но ако наредбата на капетанот е поставена после наредбата на комндантот тоа треба да го замени
-наредбите можат да бидат поставувани само помеѓу рундите на битките
-во полковите каде што нема капетан наредбаа ќе биде поставена од страна на командантот
-единствено полноправните членови можат да пристапат кон дневните наредби, а регрутите можат да пристапат кон дневната наредба откако ќе го ќе ја завршат наредбата “Стани член”.
Откако ќе ја завршат наредбата (да убијат 25 непријатели) добиваат награда едно чоколатце и базука.





СТРАНИЦА НА ВОЕНАТА ЕДИНЦА

Страницата на воената единица ги прилажува следниве податоци:
-име, аватар и локација
-број на моментални барања
-главите на единицата и некој членови
-вести од единицата (само за членови)



ПОПИС НА ЧЛЕНОВИТЕ

Можете да ги видите сите членови со кликнување на “See all“.
Листата на членови прикажува:
-Име и аватар
-Воен ранк
-Снага
Ако сте комндант на единицата имате право за исфрлање на членови од воената единица.

Преземено од Wiki.

Исто така сите нови играчи кој сакаат да добијат повеќе информации околу еРепублик можат да дојдат на следниве канали.

#noviigraci
#emkd-zdravstvo
Во случај да нема стручно лице да ви помогне на тие два канали, на
#eMKDсекогаш ќе се најде некојпоискусен кој веруваме со задоволство ќе ви помогне.

А секако секогаш како министерство ние ќе бидеме тука за вашите барања, ќе се потрудиме да дадеме одговор на секое ваше прашање најбрзо што можеме.

Исто така на овие канали ќе можете и да се запознаете со другите играчи ида се забавувате, дружите па повелете.

Важно: Ќе ве замолам сите играчи да ја шаутираат оваа статија со цел да им помогнеме на новите играчи да ја сватат играва и да ни помогнат за да ја направиме што посилна еМакедонија.

Министерство за Информирање

Министер: Златко Каскаревски
Замениците: Girl from MACEDONIA и
svetecot