ПОПИС ВО еМАКЕДОНИЈА ! БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД НЕГО!

Day 1,441, 12:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski



Почитувани читатели!


Нема да должам и затоа ке ви соопштам дека по повод од 1 година како еМакедонија постои (7 Октомври) кој измина неодамна, сеуште не беше извршен ниту еден еПопис како би знаеле:

- Кои сме
- Од каде сме (РЛ)
- Што сме по националност (РЛ)
- Дали учествуваме во воена единица
- Колку сила поседуваме
- Каков тип на фирми поседуваме
- Колку години имаме (РЛ)
- Од кога сме на еРепублик

..........итн итн
____________________________________________________________________________



ЗАПОЧНА ПОПИСОТ ВО еМАКЕДОНИЈА!

Ве замолувам СИТЕ да ја пополните следната анкета:
http://tinyurl.com/eMakedonija-popis

ВАЖНО:
Сите оние кои имаат проблеми со линкот, не седете со скрстени раце, пишете ми за проблемот а ја и Мартин Ташкоски ке се обидеме да го решиме.

Се со цел да има поголема можност веста да стигне до повеке жители, ке ве молам сите за ГЛАС

Пописот ке биде сега засега набљудуван од страна на Мартин Ташкоски и јас кои впрочем засега сме единствените кои имаат пристап до податоците и пред неколку минути беше известен и Претседателот во заминување и главниот на еМКД (сите знаеме кој е) каналот при што очекувам надлежните органи да превземат иницијатива и да се погрижат линкот да дојде до сите еЖители на еМакедонија!

Пописот би траел 1 недела, заклучно со Понеделник во 9 часот наутро.

Апелирам, сите единици, канали на кои секојдневно комуницираме да го содржат линкот на топик, се до Понеделник 9 часот наутро.
Воените единици да рашират во својата единица и да се постави за топик барем 2-3 дена. Луѓе активно да го препраќаат на свои пријатели.
____________________________________________________________________________

Како за крај сакам да ве замолам и воедно да ви соопштам дека нема да има никакви ЈАВНИ објави на вашите лични податоци и ве молам истите да бидат искрени. Досега 150 еЖители ја имаат пополнето од кои некои си пишале под држава КАРПОШ НАСЕЛБА. НЗС? Значи ве молам за одговорност и РЕАЛЕН ИН ГЕЈМ НИК(вистински ник од играта) како би можеле да ги заклучиме истите податоци дадени. Мене, Мартин и оние уште 5 души максимум кои би се приклучиле во овој попис веке не чека и те како голема, ако не и НАЈГОЛЕМАТА анализа досега воопшто. Затоа ве молам за подршка! Ништо нема да биде злоупотребено!

Ваш
Душко Аврамовски



По 3 саати од објавувањето добивме официјално и подршка за спроведување на планот од Претседателот
http://prntscr.com/3s73m

Односно, за да пописот добие на вредност и да се свати неговата важност на крајот од пописот сите попишани ке бидат именувани во резултатите, само под име. Истите ке бидат препознаени еМакедонци. Останатите кои не се попишани ке останат прашалници. Дали ке се попишете или не тоа е ваше право и Ваша одлука! Но ве повикувам на искрен и одговорен попис како оваа еДржава би знаела во која насока се развива. Затоа попиши се и ти!