[Амбасадор во еШпанија] Претставување на најважните карактеристики на земјата

Day 1,329, 15:17 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Ова е моја прва статија како амбасадор на еМакедонија во еШпанија. Во мојот весник ќе добивате информации од еШпанија, поврзани со нивната политика, економија, како и најразлични интервјуа.



Општи податоци
Шпанија е лоцирана во југозападна Европа, на Пиринејскиот полуостров. Главен регион е Астуриас. Шпанија е една од земјите основачи на алијансата ОНЕ (Order of New EWorld). Таа е една од најактивните земји во eRepublik уште од самиот почеток во ноември 2007. Во моментов, Шпанија има 9287 жители и под свое водство има 37 региони, на 3 континенти. Шпанија е земја која ги има сите 10 ресурси на играва. Официјален јазик на медиумите и конгресот е шпанскиот, но се користи и англискиот јазик.



Економија
Шпанија има позитивен баланс на трговија, односно извозот е главна поддршка на шпанската економија. Предност е тоа што земјата ги има сите ресурси на играва. Шпанија отсекогаш била земја со ниска инфлација. Има широк спектар на добри можности за работа, што ја прави привлечна за нови жители. Меѓутоа, повеќе економски маркети се преоптоварени, што е отежнувачка околност при започнување на нов бизнис. Официјална валута е шпанската пезета (1ESP = 0.002 злато). Шпанија има потпишано долгорочно ембарго за трговија со Боливија.

Политика
Шпанија е парламентарна република. На чело на државата се наоѓа претседателот Warm 2. Неговите избрани министри се следниве:
Заменик претседател 1: Trokair
Заменик претседател 2: Borjoselu
Министер за надворешни работи: Durruti, vingaer
Министер за одбрана: Borjoselu
Министер за финансии: SuperI
Министер за социјални проблеми: Pitu82
Министер за култура: Ballantines
Министер за информации: julian gil
Најголема партија е Nueva Espana Liberal со 356 членови. Претседател на партијата е Alxs, а исто така оваа партија има најголем процент од вкупниот конгрес во државата 28% или 11 конгресмени. Политичките активности на еШпанија се насочени кон алијансата ОНЕ и земјите членки во неа.

Воена состојба
Шпанија е една од земјите основачи на ОНЕ алијансата. Како таква, таа е ориентирана кон воени сојузи и учество во активности со земјите членки на истата алијанса, Земја изгласана за природен непријател на Шпанија е Бразил. Моментално има склучено договори за алијанса со Турција, Пакистан, Сковачка, Перу, Полска, Шведска, Латвија, Р. Македонија, Црна Гора, Нов Зеланд, Унгарија, Србија, Венецуела, Словенија, Иран, Индонезија, Белгија, Мексико и Литванија.

Јавен мирц канал е #erepublik.es.



Hail Spain!
Hail Macedonia!
Hail One!