Четириесет апсурдни Прашања !!!

Day 1,322, 05:04 Published in North Macedonia Thailand by mac3donia

1.Ако се обидете да не успеете и успеете во тоа, дали сте успеале?
2.Која е брзината на темнината?
3.Ако џогирате наназад, дали ќе се здебелите?
4.Ако давите штрумф, каква боја ќе му добие лицето?
5.Зошто столот е стол, кога на него не се стои туку се седи?
6.Зошто стискате посилно на копчињата од далечинското, кога и така знаете дека батериите се готови?
7.Ако ноќта температурата е 0 степени целзиусови, а прогнозата за утредента е дека ќе биде два пати постудено, колку ќе биде тоа?
8.Ако желката нема оклоп, дали е бездомничка или е гола?
9.Зошто ги стерилизираат смртоносните инекции во САД?
10.Ако ништо не се лепи на тефлонот, како го залепиле тефлонот за тавата?
11.Ако црната кутија во авионот е неуништлива, зошто и авионите не ги прават од истиот тој материјал?
12.Зошто камиказе пилотите носеле шлемови?
13.Што бројат овците кога не можат да заспијат?
14.Како тоа ако вртите на погрешен број линијата никогаш не е зафатена?
15.Дали после оброк водоземците треба да чекаат да измине еден час па да излезат од вода?
16.Ако белото вино оди со риба, дали белото грозје оди со суши?
17.Ако некој со синдром на подвоена личност се заканува со самоубиство, зарем тоа не е случај на заложништво?
18.Ако наместо да им зборувате на растенијата им се дерете, дали тие ќе пораснат како исфрустрирани билки?
19.Има ли друг збор за синоним?
20.Зошто овците не се смалуваат кога врне?
21.Дали рибите ожеднуваат?
22.Зошто немузикалните пеат најгласно?
23.Зошто не можете да си ги исончате дланките?
24.Зошто на јогуртот ставаат рок на траење?
25.Ако земете некој ориенталец и го завртите неколку пати, дали ќе го дезориентирате?
26.Ако нашите мали деца јадат со мали лажичиња и вилушки, дали малите кинесчиња јадат со чепкалки за заби?
27.Што е спротивното на спротивното?
28.Можете ли да плачете под вода?
29.Зошто луѓето велат „спиев како бебе“, кога бебето се буди на секои два часа?
30.Ако глува личност треба да оди на суд, дали тоа се уште ќе се нарекува „сослушување“?
31.Зошто Шиљо оди исправено а Плутон на четири нозе, кога и во двата случаи се работи за куче?
32.Ако лезбејката спиела со многу жени, но никогаш со маж, дали таа е девица?
33.Еврејските вампири се плашат од крст или од Давидовата ѕвезда?
34.Дали ќелавите луѓе имаат првут?
35.Како Фреди Кругер си го брише газот?
36.Дали Адам и Ева имале папок?
37.Дали вампирите можат да фатат СИДА?
38.Како ќе знаете дека ви се потрошило невидливото мастило?
39.Како се пишува нула со римски број?
40.Дали притискањето на копчето во лифтот повеќе пати прави тој да оди побрзо?


Ако имате одговори на некои од овие Апсурдни прашања слободно пишете во коментар

Текстот е изваден од www.motika.com.mk

линк за шоут
http://tiny.cc/rw70q
=40 апсурдни прашања=


ВаШ mac3donia