КАМИКАЗИ

Day 1,128, 07:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Ова е отворена порака и предлог до самопрогласениот Министер за Економија на еМакедонија, воедно и до целата самопрогласена Влада на еМакедонија за еден од покрупните проблеми во економијта на еМакедонија.
Доста мудрувавте и ги правевте другите будали - фатете се малце за работа!



Вие (еВлада) на форумот заедно со Конгресмените за катастрофалната состојба со цените и платите во еМакедонија ги обвинувавте секогаш само 1DW фирмите а себе се амнестиравте од одговорност со Законите и Даноците кои ги носите. како и да е...бевте едногласни и согласни дека 1dw фирмите се еден од најголените проблеми за целата економијата во еМакедонија и креатори на монопол и нелојална конкуренција на пазарот но НИКОГАШ не понудивте никакво решение за проблемот!



Е сега, бидејќи Вие - самопрогласените Министри и Влада очигледно немате желба или уште полошо знаење да го решите овој проблем моравме ние паравоените да превземеме мерки сами да се справиме со проблемот на 1DW фирмите. Ефектите од само два дена камикази акции се веќе евидентни - неколку 1DW фирми се затворија, дел од страв почнаа да работат коректно и фер а останатиот дел тврдоглави сопственици на 1DW фирми во паника почнаа да кукаат и плачат по весници или да покажуваат сеуште заби и да закажуваат состаноци на Chat за спасување на својот нефер бизнис.
-На сите 1DW им препорачувам дека спасот им е лесен и едноставен - вработете си 10 постојани вработени и бркајте си работа без страв од камикази.
-Воедно се оградувам од странски (Грчки и Бугарски) камикази на нашиот пазар кои од сосема други побуди прават слични акции во еМакедонија.

ЦЕЛАТА НА КАМИКАЗИТЕ Е ФИРМИ КАКО ОВАА НА СЛИКАВА ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ГЛЕДААТ ВО МАКЕДОНИЈА!


*ова е ненормална работа да пушташ по 100 огласи за сите левели на работници или тотал од 1.200 огласи!!!

Е сега и мојот предлог до нашава самопрогласена експертска Влада:

Ние ја почнавме кампањата сега е Ваш ред да ја превземете работата со камикази акциите па затоа формирајте еден тим од 20 играчи кои ќе бидат казнена експедиција за секоја 1DW фирма која во иднина ќе сака да ја наруши Македонската економија преку ваков тип на работа. Крстете го тимот како сакате - УЈП, Финансова Полиција, Камикази единица.... сосема небитно! но нека има една државна екипа која ќе работи ваква работа. Нека ја управува вашиот Министер за Економија а може и да се финансира со средства од државата кои и онака заедно со Претседателот Вие ги управувате и трошите. Давајте им + бонус на платата на сите камикази во државниот тим за секоја акција како компензација за напредокот во Економски скилс кој би го жртвувале и изгубиле.


На тој начин и ние паравоените ќе можеме да си се сконцентрираме на нашата работа - Борбите и војните!

п.с. порака и за секој Конгресмен или Министер со 1DW фирма (без заебанција) : )


Удрете по апашите... слобода на народот! : )

FINITO! 😎