МАКЕДОНСКО ЖИТО! [ПРЕДЛОГ ЗАКОН]

Day 1,117, 02:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


Бидејќи се смнија правилата на игра во делот на ресурсите (и најавено е дека уште ќе се мунуваат), се сменија и самите ресурси па сега Македонија за разлика од порано може и има свое производство на жито и покрај тоа што нема high регион...сметам дека е време и да се смени стариот Закон со даноци кои фаворизираше увоз на жито во Македонија.

Ова е постојните даноци за жито...


Ваквиот Закон стимулира Македонија да увезува жито од земји кои имаат high региони па така тие во земјава можат да продаваат жито оптеретено со само 1 % Данок во МКД + Данок во сопствената земја од каде извезуваат....
Во споредба со нив домашните плаќаат по 11 % данок на државава Македонија па предноста останува на увозниците за разликата од 25% поголемо производство во нивниот high регион. (квантитет)

Ако ја погледнете моментната економија ќе видите дека еМакедонија има највеќе односно околу 80% фирми за жито и леб.... ова значи дека 80% од граѓаните на еМакедонија работат во бизнисот со жито и леб.

Од овие причини како Конгресмен го користам моето право да предложам закон и предлагам следно... намалување на Данокот од 11% на 10% за домашните производители на жито а зголемување на увозниот од 1% на 20%...

*Дури би предложил и поголемо намалување на Данокот од сегашните 11% на 5 % за домашните производители на жито со оглед на најавите од Претседателот и др. за нов BABY BOOM...дајте да се подготвиме за новите бебиња со јака индустрија за жито и леб....треба и тие бебиња нешто утре да јадат!!! : )

Што ќе се добие со ваков Закон?

Прво,
Домашните Grain компании ќе бидат по конкурентни со цената на житото во споредба со увозните и ќе се заштити домашната индустрија за жито која како што реков е 80% од вкупната Македонска, од напливот на увозната. Поточно ќе се изедначи пазарот.

Второ,
државата нема да загуби ништо во приходите...напротив ќе добие повеќе со тоа што намалувањето од 1% за домашните ќе се компанзира со зголемувањето од 19 % за увозниците на жито. Дополнително Државата ќе си го заштити и данокот од 10% кој ќе го знема од бизнисот со ДОМАШНО жито од платите на вработените во компаниите за жито и од профитот на самите компании за жито кој моментно оди надвор во туѓи државни буџети преку фирмите кои увезуваат странско жито во Македонија.

Трето,
Ќе се отвори можност да зајакне индустријата за жито во Македонија а со тоа и конкуренцијата и потрошувачката на домашно жито па реално ќе биде да очекуваме паѓање на цената на житото од сегашната цена од 0,07 МКД по која увозниците моментно прават екстра профит за сметка на домашните производители. Со паѓањето на цената на житото ќе падне и цената на лебот сама по себе.

Четврто,
Ќе се стопира емиграцијата која сега ја има и многуте Македонци кои одат во странство за да отвараат фирми за жито па уште и влечат и други Македонци со себе таму да им работат во тие фирми а житото да го продаваат тука во Македонија.Наместо тоа ќе се стимулираат да отвараат фирми тука и да работат во Македонија со Македонски работници.


+ добра би дошла и идна мала интервенција и во Законот за храна и даноците кои се таму за да се направи простор за паѓање на цените на лебот.


Затоа апел до сите Конгресмени да ја поддржат оваа иницијатива или да остават коментар или свое мислење ако евентуално не се согласуваат со една ваква иницијатива.

V + Sub.
Thx!