Македонски Темплари!

Day 1,105, 08:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot



“ ....Мрак и магла повторно ја запоседна земјата исконска. Темнината царува од Шара до Олимп, од Вардар до Места. На повидок е ново утро, нов светол Илинден.

Во прегратките на првото утринското сонце 16 силуети на безстрашни воини се отцртуваат високо над хоризонтот. 16 Темплари носени на 16те зраци од сонцето сјајно, како лавови чувари мирно построени над Македонија, демнат над непријателите и душманите на оваа света земја.

Наеднаш, глувото сивило фрлено како перде над Македонија е нарушено од херојскиот крик “СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“. И како што сонцето златно се пробива низ облаците и ја растерува налегнатата магла така и Македонските Темплари како безстрашни лавови јуришаат напред и се нафрлаат врз бројната окупаторкска сила.

Мракот е уништен а маглата растерана. Останати се само 16те Македонски Темплари како верни чувари на светото Македонско тло и завет. 16 безстрашни Македонски лавови како учесници на уште една митска Александрова битка и земјата Македонска со крв натопена како нем сведок на уште едната победа над душманите на Македонија.

Високо над Македонија се издига новото сонце - СОНЦЕ НА СЛОБОДАТА!!!“





И официјално.... формиран е ПРВИОТ РЕД НА МАКЕДОНСКИ ТЕМПЛАРИ.

Уште од самото конституирање Македонските темплари станаа фактор на влијание во еМакедонија. Со гордост може да се пофалиме дека имаме 3 Темплари во еМакедонскиот Конгрес.

Македонските Темплари имаат една и единствена мисија - чување и бранење на светата Македонска земја и ќе бидат тука да помогнат во борбата со сите непријатели и душмани на еМакедонија...

На вербалните провокации и пропаганди од соседите ќе одговараме единствено со ИГНОРИРАЊЕ, а вистинската МАКЕДОНСКА СИЛА ќе ја покажеме на БОЈНОТО ПОЛЕ!


Редот ќе се води од своето мото ЕДЕН ЗА СИТЕ - СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!


Македонските Темплари се отворени за соработка со сите еМакедонски организации и паравојски чија мисија и цел е раст и развој на еМакедонија!



V + S - За Македонија!