ЦЕНТАР ЗА АНАЛИЗИ

Day 1,105, 03:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Почитувани еМакедонци,



Министерството за информирање отвора ЦЕНТАР ЗА АНАЛИЗИ.







Која е целта на овој центар ?



еРепублик е динамична средина во која работите брзо се менуваат, дури и преку ноќ. еМакедонија мора да е подготвена на брз начин да реагира при секоја неповолна ситуација. Но, ако не знаеме што се случува и во колкави размери – нема да можеме соодветно да одговориме.


Затоа :

- ако забележите сомнителни играчи,

- ако некој ви испрати злато, а не го познавате,

- ако мислите дека сте откриле мулти играчи,

- ако на било кој начин се посомневате дека е загрозена еМакедонија


ПРАЌАЈТЕ ПОРАКИ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМИРАЊЕ.



Притоа, бидете кратки и јасни во пораката, со линк до сомнителната личност, организација, фирма. Ние ќе ги анализираме пријавите и ќе издаваме црни листи на организации, фирми и личности. На тој начин ќе ја штитиме еМакедонија од нелегитимни напади.



Ова е тимска игра и само така може да успееме ! Да бидеме сложни !



Ве поздравува Струмјанин !