Македонијо Покажи Се !!!

Day 1,100, 13:28 Published in North Macedonia North Macedonia by thedragon


Дојде време да го објавам мојот четврт артикал во еМакедонија, се одлучив да напишам за тоа дека можеме да докажеме дека сме некој и нешто во играва и да им помогнеме на нашите браќа Руси.


За Што Се Работи :

Како што знаете утре ќе се одржат конгресменските избори и потребна е нашата помош во еРусија за да можеме да ги изгласаме нивните вистински кандидати за да не биде превземена нивната држава.

Во Русија моментално се добива автоматски државјанство бидејќи немаа конгрес затоашто беа избришани од мапата и сега ЕДЕН сакаат да ја превземат Русија и да ја направат нивна држава, тука настапуваме ние и Феникс ќе пробаме да испратиме што повеќе наши играчи за да и помогнеме на еРусија.


Како Да Помогнам :

Можеш да со тоа што ќе дојдеш на овој чат или на овој и ќе побараш карта и ќе прашаш за кого да гласаш и откако ќе бидеш упатен од некого каде да одиш и да гласаш, одиш гласаш и се враќаш во нашата мила еМакедонија.И не заборавајте да се пријавите овде и да ги видите новостите во врска со АТО-то овде.


Зошто :

Со ова ќе докажеме дека и ние сме некој и нешто во оваа игра и ќе им се заблагодариме на Русите за сета нивна помош која тие ни ја пружија во нашите тешки моменти сега тие се во тешки моменти и затоа би ве замолил да одиме и да им помогнеме.







П.С.
Не заборавајте за нашата Акција






ДОСАДНО ВИ Е :

Сакам да ја искористам оваа прилика за да ви ја прикажам наградната игра со која планирам да внесам повеќе забава во играва како за вас така и за мене.

За Што Се Работи :

Па ова ќе биде еден вид на онлајн елото во кој ќе може да учествува секој еМакедонец.
За повеќе инфо видете на www.lottomkd.wordpress.com
И би ве замолил да не донирате уште од сега бидејќи сеуште не е објавено првото коло на извлекување кое ќе биде наскоро.



Со Почит :