Критична состојба за Феникс

Day 1,090, 03:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Македонци, деновиве сме сведоци за големи воени случувања кои и тоа како би можеле да имаат голема последица врз нас.

Имено, една од членките на Феникс, Унгарија е нападната од војските на ЕДЕН.
Битките се водеа на 4 територии Central Hungary, Western Transdanubia, Central Transdanubia i Burgenland.

За жал еден регион кој што носеше високи приходи беше освоен од страна на Хрватска и нејзините сојузници, Southern Great Plain.

Меѓутоа висок притисок се вршеше и врз Централна Унгарија но одбраната беше успешна и овој регион е зачуван за среќа.

Голема оспасност се другите региони на Унгарија, Западна и Централна Трансдунабиа. Доколку тие 2 територии се освоени, Унгарија ќе остане само со 2 и ќе биде отворена за напад и од страна на Романија и ситуацијата ќе стане уште покритична.

Германија е останата на само 3 територии од кои ниту еден регион не е HIGH.


Доколку Унгарија падне, тоа ќе значи дека Србија, Црна Гора, Македонија ќе бидат опкружени од сите страни со членки на ЕДЕН, а ситуацијата со Бугарија и не е сјајна.


Дали е ова припрема за бурата која што ќе следува?
Останете спремни Македонци


Министерство за информирање