Play smart...

Day 1,408, 00:49 Published in North Macedonia North Macedonia by JonycusMaximus

Ќе се обидам да дадам еден предлог кој може да ни донесе многу... Може има некоја доза на ризик, ама се знае: Ризик носи капитал.. 🙂

Гледаме дека Грците дигаат востанија само колку да ни одземат штета од главниот напад и не видов ниту еден посериозен обид да ослободат некој регион. Е сега, ова е она што би можеле да го искористиме во наша полза. Предлог до воените команданти од владата, колку што може да се контролираат тие удари кон востанијата така што ќе им се даде на Грците да добиваат по некоја битка во секое востание. Така ќе се зголеми времето кое тие го трошат по востание и ќе се намали нашата потрошена штета во истите. Тоа може да се искористи пред се за помош на сојузниците, од кои некои се во сериозни проблеми. Вака, наместо едно востание секој ден, или пак некогаш и две, ќе имаме 1-2 востанија на 2-3 дена, во зависност од тоа колку успешно контролираме. Се разбира има и ризик, дека Грците ќе се окуражат и ќе почнат да маваат повеќе во некоја битка, што може да доведе до одреден проблем, но тоа пак ќе значи дека нема да маваат во одбрана на главниот напад.

Ова е само мое размислување.. Ако држи вода, супер, ако не.. па дајте ми суб и воте за трудот... 🙂