Aspadora кандидат за конгресмен!

Day 1,433, 16:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora


Имам 18 години, студент-бруцош максимално посветен на оваа наша виртуелна татковина . Во овој свет сум од 09 Јуни 2010 година, активен член во фамозната единица Армакедон- единица која буквално ми влезе под кожа благодарејќи на одличните дечки кои се дел од неа.
Сопственик сум на голем број фирми и ве советувам да го следите мојот пример. Се сеќавам во првата војна со еБугарија како после неколку мини битки залихите на леб и жито се исцедија и мораа лазократите да уфрлаат илјадници лебови по половина цена која исчезнуваше. Вака иако златото поскапува како да е во некоја бесконечна трка со времето сепак ќе имаме некој стимулација.

Нормално ќе има разни дечки кандидирани за конгресмен кои се достојни искусни конкуренти но можам да ви набројам неколку работи поради кои вашиот глас нема залудно да пропадне ако го носи моето име на него.

1. НИКАКО не помислуавм на поднесување закони на своја рака!
2. НИКАКО не одобрувам државјанства без консултација.
4. Се обрврзувам дека ќе служам за општонародниот интерес, со цел Македонија да просперира како на економски така и светската мапа, редовно учество во медиумскиот простор и на каналот ширејќи совети, решенија кон сите проблеми на кои ке наидеме.
5. Претходниве неколку конгресменски гарнитури наидувавме на секакви личности, некои добри но некои направија бесмислени грешки. Сите знаеме за оној НЕ врз Кипар, Турција... целосно бесмислени акти кои НЕМА во случај на вашата подршка јас да ги направам.


Се кандидирам за конгресмен во Повардарие и ве замолувам за вашата подршка.

Според мене една од најбитните работи - иако настапувам како член на ОЕМ, јас делувам за Македонија. Така ги повикувам гласачите да не се обојуваат партиски барем тука. Верувам сите ја играме играва за просперитет на државата а не да бидеме доминантни на некоја политичка виртуелна сцена од која најголем ќар што можеме да го имаме се неколку златници.

Разбирам дека овој период ќе биде преполн со статии од типот гласајте за тој, гласајте за овој и дека мошне напорно е да се читаат некои што напињаат за некое гласче, само сакам да порачам гласајте за тој што мислите дека добро ке ја извршува функцијата конгресмен или барем нема да прави киксови или да се продаде за некој тенк или злато.




ВЕРБА ВО БОГ, МАКЕДОНЕЦ ДО ГРОБ!