[UPGRADE] “Guardians” Нова единица

Day 2,567, 11:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Zhonga
Добро вечер Македонијо!!

Се почна со статија на Nexous и со неговата идеја, а таа беше да се креира нова единица која ќе биде само за Дивизија 3. Јас и Војне бевме тие кои му се пријавија и придружија да биде се тоа добро направено. Пред се таа единица ќе биде за нас Македонците но и за други но приоритет ќе сме ние секако. Оваа единица ја направивме за поголема организација и да го зачуваме џабе испуканиот DMG на ЗИД кој е во нашата корист и кој е над 55%, секако тоа ќе го средиме ние.
Оваа единица ќе се вика “Guardians” но сеуште не е спремено се и немаме аватар но ќе ви објаснам и за тоа понатака а сега сакам да ви ги преставам раководителите на оваа единица

Military Unit Commander : Nexous
2nd Commander : Vojne
2nd Commander: HustlerTV


Сега сакам да објаснам во врска со сликата на единицата. Решивме ние од раководството да направиме како еден мал турнир секако со добри награди и ќе биде само за првите тројца кој ќе направат еден убав аватар но ние ќе наградиме тројца а наше е да одлучиме кој аватар ќе го одбереме за единицата , да ви ги преставам наградите:

1. Првата награда 5 голд за најдобриот направен аватар
2. Втората награда 75 Q7 тенкови за најдобриот направен аватар
3. Третата награда 50 Q7 тенкови за најдобриот направен аватар


Тоа се наградите за тие што ќе изработат најдобри аватари а сега сакам да објаснам за влезот во единицата и правилата како и во секоја единица.
За влез во единицата ќе можат да влезат сите од целиот свет на eRepublik за тоа се одлучивме ние од раководството но секако од сојузот што ни наштетува секако нема да има, Македонци ќе има затоа и ја направивме единицата и тие ќе влезат први, сакам да напоменам дека ќе има и правила за влезот во единицата а тие ќе ги набројам.

И сега за на крајот да ги пишам потребните работи што треба за влез во единицата
1.Пред се да бидете Дивизија 3
2. Потребно сила за влез во единицата 50.000
3. За да се влезе во единицата треба да се контактираат Командирите (Nexous, Vojne и HustlerTV)
4. Да се следат наредбите од командирите
5. Присуство на чет каналот #Guardians http://tinyurl.com/kg6tudk за време на акциите
6. Задолжително носење на аватар


ВАЖНО: Кога ќе има организирано пукање од страна на единицата ќе се делaт тенкови на чатот од единицата го имате наведено погоре

Наградата ја доби eBagzi од 5 голда еве го аватарот

Шаут:
“Guardians” Нова единица

http://www.erepublik.com/en/article/-guardians-3--2472834/1/20